При одржување на хигиена во домот за да тој мириса чисто и убаво, освен редовното бришење прашина, вшмукување, потребно е да обрнете внимание на уште еден детал - завесите. 

Тие не само што помагаат при заштита од сонце, туку даваат посебна топлина на домот. Колку и да ви се чини нивното одржување проблематично, сепак постои полесен начин кој ќе ви овозможи за кратко време да ги исперете и да замириса домот на чисто. 


1. Извадете ги завесите од корнизите и добро истресете ги за да падне од нив прашината.
2. Натопете ги во ладна вода и неколку пати исплакнете ги. Проверете на етикетата какво перење е потребно. Денес машините за перење имаат програма и за рачно перење, па изберете ја соодветната програма. Ако сепак решите да ги перете на рака изберете некој нежен детергент. Ако завесите се бели може да додадете и лажица сода бикарбона во перењето. Не користете белило.
3. За плакење штом се перат машински не е проблем, бидејќи ќе ги испере и исцентрифугира машината. Но ако ги перете на рака, треба да ги плакнете со ладна вода во која сте ставиле сол. Истискајте ја водата од нив и оставете да се исцедат. Потоа испружете ги на жица, но не ги пресушувајте. Нека останат малку влажни.
4. Пеглајте ги завесите додека се влажни. Поминете ги еднаш по должина и убаво оптегнете го материјалот. Закачете ги, иако се малку влажни, да се оптегнат под својата тежина. 
5. За да бидете сигурни дека нема прашина на завесите, повремено кога ќе го чистите домот можете нежно да ги поминете со правосмукалката.

Најново на форумот

  • No posts to display.