Домот дизајниран по ваш вкус е секако местото каде сакате да минувате најмногу време. Но уште една работа е важна за комплетно уживање, а тоа е мирисот. Секој чист простор ќе мириса пријатно, но со избирање миризливи свеќи, ќе му дадеме на просторот и личен печат.

Првиот чекор е да купите доволно свеќи за да го покриете целиот простор. Понекогаш проблемот не е во миризливата свеќа, туку во огромниот простор што ќе се обидете да го збогатите со пријатен мирис од една свеќа. Совршен сооднос е 180-200 гр свеќи за секои 10 квадратни метри простор. Едноставно кажано, 3-4 големи свеќи ќе бидат потребни за голема дневна соба.

 Секогаш чувајте миризлива свеќа запалена најмалку еден час за да може да се стопи восокот и да се ослободи аромата. Ако брзате, изберете спреј за освежување на просторот наместо свеќи. За свеќите сепак потребни се мир и трпеливост. Внимавајте каде ќе ги ставите свеќите. Ако прозорецот е често отворен или свеќата е под климатизерот, тоа ќе влијае на крајниот резултат и интензитетот на мирисот. Пред да ја запалите свеќата, скратете го фитилот за 0,5-0,6 сантиметри пред да ја запалите свеќата. Должината на фитилот ќе влијае на ефективноста на свеќата, односно ако фитилот е премногу долг и жежок, тоа ќе создаде многу чад, така што нема да можете да ја намирисате свеќата.

За да ја угаснете свеќата употребете чаша. Со тоа ќе го прекинете протокот на кислород до пламенот и нема да се создаде чад и мирис. Ако по некое време ви се чини дека свеќата не мириса, можно е да не сте во право. По 15 минути мирисање ист мирис, нашето сетило за мирис се навикнува на тој мирис. За да го чувствувате подолго мирисот, во различни простории ставете свеќи со различни мириси, така што сетилото за мирис повторно ќе се стимулира секој пат кога ќе одите од соба во соба.
Освен тоа различните мириси во различни простории ќе го направат движењето низ домот уште позабавно и поинтересено. Пред да одите да спиете, не заборавајте да проверите дали сите свеќи се изгаснати и редовно проветрувајте ги просториите каде што ја имавте запалени свеќи.

Најново на форумот

  • No posts to display.