Комбинирањето на ретро и „старински“ елементи со модерен дизајн станува сè попопуларен и распространет тренд кога станува збор за внатрешен дизајн. Така, мебелот од дрво повторно е актуелен и полека победува во битката со вештачките материјали, а старите ламби и лустери ја доживуваат својата ренесанса.

Овој тренд е омилен бидејќи е креативен и додава посебна нота на топлина и задоволство во просторот за живеење. Ако ви се допаѓа овој тренд, има начин како да го уредите домот без да потрошите целото богатство за да го промените редизајнирате просторот. Тајната е едноставна - сè е во деталите.

 Ретко кој детал е по рустикален од антички лустер - со топчиња или држачи за свеќи. Ако имате доволно голема дневна соба убаво ќе се вклопи, особено ако се љубител на романтичен стил во дизајнот на ентериер.

Друг белег на ретрото се тапетите. При тоа не значи дека треба сите ѕидови да ги залепите со тапети во ист дезен, но можете да ги искористите како детаљ на еден дел од ѕидот во некоја просторија.
Ако некаде го чувате старо парче мебел подарок од баба ви, или пак подолго време размислувате да се ослободите од него, размислете повторно - можете да го реставрирате и совршено да се вклопи во рустикалниот дизајн на вашиот дом.

Дури и неколку ниски комоди можат да ви послужат наместо мала масичка. Овие парчиња мебел никогаш не ја губат својата вредност и се модерни класици кои убаво се вклопуваат во рустичен декор.
Ламперијата долго време е заборавена од употреба, но може да изберете некоја во бела боја - ќе му даде топлина и визуелно ќе го прошири просторот.

Разни огледала со рамки од ковано железо се уште еден ретро детал што воодушевува! И уште една важна работа - огледалото секогаш го прави просторот визуелно поголем, што, заедно со декоративниот момент, е доволно добра причина да го вклучите во вашиот рустикален дизајн.

Заштитен знак на рустикалниот стил е дрвото како доминантен материјал. Ако треба да го домот, а особено ако живеете во поткровје, дрвените греди би можеле да бидат фантастичен украсен детал. Од друга страна, кога станува збор за подовите, бродскиот под во однос на класичен паркет е поинтересна и привлечна опција.

За да внесете рустикален стил и во вашата спална соба, изберете француски лежај со горен дел од ковано железо и ретро постелнина.

Најново на форумот

  • No posts to display.