Kолку и да ви се чини дека во вашиот дом нема доволно простор или е премногу мал, разгледајте уште еднаш наоколу и видете што сè е вишок. Наместо да дозволите вишокот предмети да ви се натрупуваат и создавате „ѓубре“ во домот, преземете ја контролата во свои раце и направете таква организација, што во секој миг ќе изгледа средено. Еве каде треба да обрнете внимание: 

 

Кујна
- Искористете ги ѕидовите во кујната и сите големи тави, тенџериња, кои вообичаено завземаат премногу место во плакрите, закачете ги на ѕид, над шпоретот или работната плоча. Така ќе добиете повеќе простор во кујнските елементи.
- Средете ги зачините. Генерално зачините имаат рок на употреба четири години, така што сите постари зачини исфрлете ги. Останатите сместете ги на едно место, подредете ги на импровизирани полици во висечките елементи или на посебни полици.

Бања
-  На секои три месеци проверете ги препаратите кои „љубоморно“ ги чувате по фиоките и елементите, а кои само ви заземаат место. Исфрлете ги производите на кои им изминал рокот.
- Во просторот под мијалникот, ако е празен, затворете го со плакар во кој ќе ги сместите сите потребни хемикалии или пак крпи, пешкири....

Спална соба
- Просторот под креветот ако нема посебна фиока или дел за складирање, направете сами со купување соодветни кутии за складирање.

Дневна соба
- Исчисете ја масичката која најчесто е местото на кое се складираат списанија, книги, свеќи.
- Изборот на мебелот е важен. Експертите советуваат дека најдобро е да инвестирате во кружна масичка и детали кои ќе го надополнат просторот.
- Не претерувајте со украсни перници и секогаш бирајте по три парчиња за кревети, комплементарни со бои и големина, од кои една секогаш мора да е еднобојна. Или пет, за големи троседи од кои две еднобојни и три со дезен.

Најново на форумот

  • No posts to display.