Дамките од кафе се непријатни и тешко се отстрануваат ако ги оставите за подоцна да ги исчистите. Со овие чекори ќе успеете брзо и сигурно да ги отстраните дамките од кафе:

 

  1. Со хартија или крпа која впива, веднаш соберете го вишокот од истурената течност.
  2. Веднаш соблечете ја облеката и на етикетата видете од каков материјал е направена. Кафето ќе лесно ќе помине низ природни влакна како памук и лен, додека полиестерот и сличните материјали ќе имаат само површинска дамка. Природните материјали треба да ги третирате подолго за да ја отстраните дамката.
  3. Потопете ја облеката во раствор од топла вода, прашок и оцет. Водата не треба да биде врела, туку топла. Наполнете еден сад и додајте лажица прашок за перење и лажица бел оцет. Добро измешајте додека се создаде сапуница. Потопете ја извалканата облека уште најмалку 15 минути. Потоа проверете дали треба уште малку да стои и по потреба истријте со четка со уште малку прашок.

Најново на форумот

  • No posts to display.