Дневната соба е омилена просторија во домот, бидејќи тоа местото каде се собираат пријателите и семејството. Но при уредувањето често се случуваат грешки, кои ако ги отстраните можете да го направите уште попријатно место за уживање.

1. Не употребувате бои
Сигурно при уредувањето на домот многу внимавате при изборот на детали, мебел и др., со цел да не го направите кич. Но ако сте фокусирани само на една боја, а тоа најчесто е некоја неутрална нијанса, ќе добиете стерилен и здодевен простор во кој нема да бидете среќни и опуштени.
Ако сакате бели ѕидови и мебел, нека останат во таа нијанса, но деталите нека бидат во други бои. Како перничиња, рамки за фотографии и другите украси нека се во некоја интензивна нијанса која ќе направи контраст и ќе ја разбие монотонијата.
2. Парчиња мебел од иста програма
Полици, столови, комоди во иста нијанса, материјал, стил од ист програм може да ви се чини добра идеја, но во пракса изгледа многу здодевно.
Измешајте бои и текстури. Не се придржувајте до правилата дека масичката за кафе треба да биде во иста нијанса како комодата и трпезариската маса. Дајте личен печат во целата дневна соба и најдете уникатни детали, фигури кои ќе отстапуваат од целиот концепт на просторијата.
3. Гарнитура покрај ѕид
Иако ви делува логично софата да е до ѕид, дизјанерите на ентериер предупредуваат дека на тој начин создавате формална атмосфера и оставете многу празен простор што никако не може да делува привлечно и естетски.
Ако имате голем простор во дневната соба, ставете ја гарнитурата кон средината и направете интимна атмосфера во централниот дел.
4. Немате помошно столче покрај софата
Никогаш не дозволувајте гостинот да балансира со чаша црвено вино во рака, додека седи на вашата гарнитура, бидејќи нема каде да ја остави чашата. Ако држачите на гарнитурата се меки, мора да обезбедите малечка масичка на која гостинот ќе може да ја остави чашата или чинијата со храна.
Набавете барем две декоративни масички и ставете ги покрај софата. Тие ќе имаат поголема намена – можете да ставите ламба, ситници, а одлични се и кога имате гости бидејќи ќе имаат каде да го стават послужувањето.
5. Ги закачувате сликите премногу високо
Оваа грешка ја прават многу луѓе, бидејќи веруваат дека сликите треба да се поблиску до таванот, а дизјанерите предупредуваат дека тоа е естетска грешка. Сликите треба да се закачени така да можете без напор да гледате и уживате во нив. Дизајнерите предлагаат да измерите 150см од подот и тука да ја закачите сликата.
6. Мал тепих
Изборот на тепихот е многу важен бидејќи овој детал може да го направи вашиот мал простор да изгледа поголем и дава сосема нов акцент на целиот ентериер. Тенките и мали теписи изгледаат смешно и сиромашно особено во големите простории.
Сите дизјанери ќе ви препорачаат да заборавите на малите теписи и да бирате големи. Кога одите да купувате измерете го просторот и купете тепих кој ќе одговара на големината на ентериерот.
7. Купувате бескорисен мебел
Рустичната маса за пишување е одлична за гледање, но ако имат модерно опремен стан и немате визија каде би сте го сместиле и дали некогаш ќе ви биде од корист, избегнете ја оваа инвестиција. Не ја декорирајте собата за личноста која ќе бидете, туку за онаа личност која сте сега.
Замислете ја идеалната дневна соба без претходните шест грешки и размислете што би ја надополнило и би ѝ дало личен печат. Кога ќе го знаете одговорот на тоа прашање храбро тргнете во купување на вашето омилено парче мебел.

Најново на форумот

  • No posts to display.