Сè повеќе сопственици на домови избираат да го чистат својот дом без детергенти и хемикалии кои содржат материи кои се токсични за организмот и се опасни за здравјето. Особено треба да се внимава ако во домот има мали деца. Наместо хемикалии еве кои домашни продукти можете да ги земете и да го исчистите домот ефективно и безбедно.

За бања без дамки од рѓа и мувла корисетете мешавина од оцет и сода бикарбона, нанесени со волнена крпа. Оставете да дејствува неколку минути па исплакнете со вода и пребришете со сува крпа. На овој начин можете да ги исчистите и фугите во бањата.
Туш кабината ќе светне ако ја исчистите со раствор од сода бикарбона и сок од лимон. За тешко достапните места користете стара четка за заби. Премачкајте ги површините и оставете да дејствува 15 минути, па исплакнете со вода и пребришете со сува крпа.
Прозорците ќе бидат беспрекорно чисти со раствор од вода и амоњак во сооднос 10:1. Натопете крпа во растворот и измијте ги прозорците, а потоа исушете со крпа од микрофибер и кујнска хартија.

За да заблескаат вашите огледала додадете 2 лажици алкохол во растворот од вода и амоњак, избришете ги површините, а потоа исушете со соодветно парче ткаенина или хартија за домаќинство.
Против непријатни мириси во фрижидерот избришете ги сите површини со растовор направен од еднакви делови сок од лимон и вода. За да ги отстраните твродкорните и нечистотија, додадете малку сода бикарбона во растворот. Машината за перење ќе ја сочувате подолго ако повремено ја исчистите со 80 г лимонтус, истурен во делот за прашак. Вклучете ја на највисока температура и оставете ја да го заврши циклусот на перење.
Старата рерна претворете ја во нова со мешавина од 1/2 чаша вода и 1 чаша сода бикарбона. Премачкајте ги сите површини со добиената паста и оставете да дејствува 15 минути. Потоа темелно избришете ги површините и исушете ја внимателно со чиста крпа.

Најново на форумот

  • No posts to display.