Секој знае дека белите чорапи тешко е да останат бели и многу брзо добиваат грда сивкава нијанса, а често е невозможно во целост да се исперат дамките нечистотија од нив. Но пред да ги фрлите и тргнете да купувате нови, пробајте го овој трик. 

Овој феноменален трик е многу лесен и 100% ја враќа белината на чорапите, а сè што ви треба сигурно веќе го имате дома.Во леген ставете врела вода и додајте една таблета за машина за садови. Кога ќе се растопи таблетата потопете ги белите чорапи и оставете ги да киснат 24 часа, односно додека од нив испадне нечистотијата, а водата стане темна. Потоа исперете ги на вообичаениот начин – на 40-60 степени во машина за алишта по што ќе бидат како нови.