Ако во тек на летото цвеќињата ги вадите надвор на сонце и свеж воздух, сега треба да планирате да ги вратите во заштитени простории. Водете сметка дека ноќите стануваат свежи додека деновите сè уште се многу топли.


Ако се случи температурата да падне на 10 степени, ќе дојде до големи оштетувања на листовите од некои билки. Ова се однесува на фикусите, драцените, јуката, палмите, кактусите и сите собни цвеќиња кои летото уживаат надвор.
Пред внесување отстранете ги сите оштетени и исушени делови, цвеќето внимателно истуширајте го со слаб млаз вода и ставете го во близина на прозор за да полека се навикне на зимскиот режим на светлина. Некои ако треба изрежете ги.
Не ги прихранувајте до пролет, а со залевањето внимателно, бидејќи сега влегуваат во фаза на мирување, па не им е потребна многу вода и хранливи материи.
Ако вашите собни цвеќиња не ги изнесувате преку лето надвор, тогаш во овој период само треба редовно да ги туширате и со влажна крпа бришете ја прашина од листовите, бидејќи дневната светлина е сè помала, а прашината го прекрива листот и уште повеќе ја намалува количината на светлина.