Синтетичките мириси за домот познати како „озонери“ содржат многу токсични состојки, а со изработка на природен, домашен спреј за простор, едноставно можете да внесете свежина и мирис во својот дом.


Во шишенце со распрскувач ставете околу 100 мл зовриена вода и додајте 10 капки етерично масло од еукалиптус, осум капки масло од нане и шест капки масло од лимон. Протресете пред употреба.
Оваа мешавина ги стимулира и оживува сите сетила, а во исто време ги отстранува силните, непријатни мириси во кујната, купатилото или шпајзот. Мирисот потрошете го во рок од една година.