Дали некогаш сте биле дома и сте почувствуале енергијата на домот се менува. Се чувствувате лошо, станувате незгодни, што и да сакате да направите не ви успева. Тогаш време е да го средите домот и да ги пронајдете нештата кои ве депримираат

 

Растенија - ползечките растенија имаат специфична способност да привлечат болести кога се одгледуваат во затворен простор. Растејќи надвор тие прават обратно - ги „бркаат“ неволјите. Затоа често можете да ги видите на фасадите на куќите. Исто така, ослободете се од исушените цвеќиња. Добро е дома да имате бегонија, која е симбол на просперитет.

Скршени работи - повозрасните се навикнати да чуваат дома скршени предмети и износени облеки „за секој случај“. Треба да се ослободите од овие предмети бидејќи носат негативна енергија. Покрај тоа, со нив сте поминале многу добри или лоши нешта, па замислете колку енергија собрале во себе! Но не ги фрлајте во контејнер, каде може некој да ги собере и да ви ја одземе енергијата, биедјќи сите предмети се неразделно поврзани со нас. Рециклирајте ги и направете место за нови нешта.

Предмети од поранешни сопственици - ако сте се преселиле во стан во кој пред вас живееле други станари, може да се случи да ви остават свои нешта таму. Некогаш луѓето наоѓаат корист во таквите предмети, но сепак со тек на време може да почнат да забележуваат чудни работи - како кошмари. Тоа е поради енергијата која ја имаат предметите во себе.

Ситници - некои од главните извори на негативна енергија се: стари часовници, календари , износени папучи и скршени прозорци или огледала. Ослободете од сите нив.

Препрарирани животни - некои веруваат дека елените на ѕидот или животинска кожа на подот ќе му дадет полуксузен изглед на домот. Сепак, треба да имате на ум дека пред да влезат во вашиот дом, овие животни биле болно лишени од живот. Овие злобни артефакти сигурно нема да ви донесат радост.

Скршен мобилен телефон - телефонот денес за сите е главното место каде чуваме многу детали. Без нив ретко кој може да функционира. Сепак, научниците докажаа дека електронските уреди не се само средство за забава и комуникација. Тие се исто така еден вид портал кој може да комуницира со нашата енергија. Затоа, важно е да ги избришете непотребните фотографии и податоци и да ја избришете историјата поврзана со негативни настани (болести и сл.). Ако вашиот телефон е оштетен и не може да се поправи, не оставајте го за меморија или делови. Ослободете се од него и започнете нов живот со нов телефон!