Некои освежувачи на воздух содржат фталати, хемиски состојки кои се најчест причинител на астма и алергија. Освен тоа изложеноста на овој отров предизивикува намалување на репродуктивната способност како и трајни дефекти кај новороденчињата! 

Советот за одбрана на природни ресурси спроведе студија под назив „Чистење на воздухот: Скриени опасности од освежувачите на воздух“ во која се наведува дека 86 % од тестираните освежувачи содржат опасни фталати. Во истражувањето се опфатени сите познати мириси кои домаќинствата редовно ги користат, бидејќи најмногу се рекламираат како „целосно природни и непарфимирани“. Ниеден од освежувачите немал означено на етикетата дека содржи фталати, ниту било поставено било какво предупредување за штетност.

Фталатите се естери од фталатната киселина и алифатски алкохол, а се користат како омекнувачи на пластика, па можат да се најдат во пластични играчки, автомобили, бои, пестициди, како и во козметички производи и парфеми.
Според истражувањето тие го попречуваат производството на машкот хормон тестостерон и се поврзуваат со репродуктивни аномалии. Децата и новороденчињата се посебно чувствителни на овие токсини.

Ова се ознаките за фталати:

DBP – дибутил фталат (се поврзува со промени во нивото на хормоните и лош квалитет на спермата)
DEP:диетил фталат (се поврзува со промени во гениталниот развој и познат е како „репродуктивен токсин“
DIBP- диизибутил фталат (има слични ефекти како DBP)
DIHP- диизохексил фталат (токсин кој влијае на репродуктивниот систем кај мажите, и се поврзува со дефекти при раѓање и развој)

Најново на форумот

  • No posts to display.