Пријателите се во близина и ви јавуваат дека ќе наминат на кафе за 15 минути. Разгледувате низ домот и се прашувате како да го средите нередот и да ја исчистите куќата во толку кусо време? Еве еден брзински план кој се надеваме ќе ви помогне.

1. Прво средете се себеси

Добро погледнете во огледалото, пресоблечете се во чиста облека, исчешлајте си, ставете дезодоранс. Факт е дека гостите повеќе време ќе поминат гледајќи во вас, отколку вашата куќа.

 

2. Ослободете се од нередот

Земете ја кошницата за валкани алишта и во нејзе соберете го сето она кое е растурено (облека, обувки, торби, играчки, списанија, книги, цедеа и тн.). Во овој миг немате време за сортирање и враќање на нештата на свое моесто, само тргнете ги од видното поле (скријте ги во орман или шпајз). Соберете ги сите валкани садови, остатотци од јадење, однесете ги во кујна. Ставете ги во машината за миење садови или пак под мијалникот.

 

3. Избришете прашина

Со влажни марамчиња за стакло избришете ги огледалата, рамките од фотографиите, прозороците кои не се зашитетени од поглед со завеси или поинаку. Со влажни марамчиња за дрво (или со универзални) избришете го регалот, масичката за кафе, полиците и сл. Порамнете ги украсните предмети, а со рачна правосмукалка исчистете го креветот, фотељите, подредете ги перничињата и прекивките. Ако имате време, набрзина исчистете го подот со правосмукалка.

 

4. Ослободете се од непријатната миризба

Отворете ги прозорците да се проветрат просториите, запалете мирзлива свеќа или испрскајте освежувач за простории. Фрлете го ѓубрето од кантите.

 

5. Влез

Прво што гледаат вашите гости е предсобјето. Тргнете го сиот неред од влезниот простор (вишок од јакни, капути, чевли, торби... ) и подредете го она кое останало. Брзо исчистете го подот со правосмукалка.