Не знаете на која висина да ја закачите омилената слика и како да ја одредите точката на закачување, дознајте го трикот кој се користи во галериите и музеите.

Основното правило при носењето одлука за тоа каде да се закачи уметничка слика се однесува на висината на која ќе се постави сликата, а гласи дека таа мора да биде во висина на погледот односно очите. Како што појаснуваат познавачите на уметноста, просечната висина е околу 150 см од подот и на средина од ѕидот, секако водејќи сметка за големината на сликата. За тоа сепак ви е потребно метро за да ја одредите средината на ѕидот а потоа и висината. Исто така важно е дали се работи за голема или мала слика, бидејќи висината се однесува на просекот и добро функционира без разлика дали седите или стоите додека го гледате уметничкото дело.

Правилото кое го користат музеите и галериите вели дека на 150 см висина се додава половина од висината на рамката од сликата и се одзема дело од работ до точката на закачување.

Ако рамката на сликата е 30 см, а точката на закачување пет сантиметри од рамката, значи дека е потребно да измерите 150 и 15 см, па да одземете 5 см. Значи, за конкретната слика точката на закачување е 160 см од висина на подот.

 

Најново на форумот

  • No posts to display.