Во тек на летните жешки денови поедноставно е да се вклучи клима уредот за да се разлади станот. Но ако се плашите од високите сметки за струја и цел ви е што помалку да го користите клима уредот, ќе морате да се снајдете со неколку трикови за да ви биде пријатна температурата во домот.

 

Кога е најжешко затемнете го домот за да го спречите влегувањето на сончевите зраци. Имајте на ум дека околу 30% од жештината во просторијата влегува токму низ прозорците, а користењето завеси, ролетни и венецијанери ќе ви помогне да ја намалите температурата во домот. Ако имате прозорци на јужната и западната страна особено е препорачливо да се држите до овој совет.

Затворајте врата на просториите кои не ги користите. Со тоа ќе го спречите продирањето на ладен воздух во нив во тек на најтоплиот дел од денот. Но кога ќе се стемни, а со тоа и ќе се намали температурата, отворете ги вратите за да циркулира воздухот низ домот.

Обратете внимание на постелнината која ја користите. Прилагодената постелнина на годишното време не само што ја освежува спалната соба, туку и ви помага полесно да спиете. Материјалите како фланел и филц се одлични за ладните месеци, но ако сакате да се разладите во лето, тогаш изберете чист и тенок памук.

Нашите родители, баби и дедовци порано живееле без клима уреди, па можете и вие. Олеснете си го животот во тек на летото и освежувајте се со разладени безалкохолни пијалоци, а над дланките и вратот разладете се со ладни облоги или нешто ладно. Но секогаш внимавајте на облеката и избегнувајте вештачки и дебели материјали, како и темни бои. Природните материјали како памук, лен и свила и тоа во светли бои се идеален избор.

Вклучете ја вентилацијата во бањата додека се туширате и секако вклучете го аспираторот при готвење. Со тоа ќе го извлечете топлиот воздух од просториите.

Отворајте ги прозорите во тек на ноќта. Навечер во лето паѓаат температурите, па тоа искористете го за да направите мал провев и да можете попријатно да спиете. Внимавајте да не дува дирекно во вас. Секако наутро не заборавајте да ги навлечете завесите и да ги затворите прозорците.

Отстранете ги класичните светилки (со жичка) кои не само што трошат вишок електрична енергија, туку и дополнително го загреваат просторот.

Што помалку користете ја рерната. Ако внатре е многу жешко, замислете како ќе биде кога ќе ја вклучите рерната на 200 степени. Ако имате градина или тераса, користете скара. Тоа воедно е и по здраво решение, бидејќи на неа освен месо можете да печете и зеленчук.

Исто така некои конкретни работи можат да ви го олеснат престојот во домот во тек на летото. За почеток добро изолирајте ги прозорците, ставете на нив заштитни фолии кои ќе го намалат продирањето на сончевите зраци и загревањето на просторот. Ако е изводливо, засадете пред прозорците или вратата низ која најмногу продира сонце, дрво или ползечки цвеќиња, кои со тек на време ќе израснат доволно и ќе ви обезбедат пријатна сенка.

Најново на форумот

  • No posts to display.