Никогаш нема да воспоставите ред во домот, додека не почнете немилосрдно да ги исфрлате непотребните предмети. Дури тогаш может да се опуштите во убавината на својот дом

Отворете ги сите фиоки, ѕирнете на полиците и сигурно ќе најдете барем десеттина непотребни предмети. Наместо да ги чувате и чекате кога ќе им дојде време за употреба, подобро е да ги фрлите и да создадете убав и организиран простор.

Еве еден кус список на предметите кои итно требате да ги исфрлите, освен ако имате некоја одлична уметничка идеја за рециклирање:

- Празни кутии од сладолед,

- Лански календар,

- Промотивен материјал кој сте го добиле бесплатно,

- Купишта списанија кои не сте ги прочитале, само ви прават неред во домо,

- Моливи, пенкала и друг канцелариски материјал кој дури не ни работи,

- Чај со изминат рок,

- Стари батерии,

- Стари касети, дискови и дивиди-ја кои не успеале да ве насмеат ниту да ви го сменат животот,

- Купишта влезници за концерти, кино и други места на кои дури не се ни сеќавате дека сте биле,

- Празни шишиња од вино и други пијалаци. Ако немате начин како подобро да ги искористите, подобро фрлете ги за да не ви заземаат простор,

- Стари маици кои ви се мали или исфлекани,

- Неупотреблива храна од фрижидерот на која и‘ е изминат рокот, како тегли, храна во фолии, кесички кечап, мајонез...,

- Лекови со изминат рок,

- Покршени фигурички, рамки за слики и други ситници на кои не можете да им најдете примена или на било кој начин се оштетени,

- Лименки, пластични чаши и шишиња, ако немате баш никаква идеја како да ги искористите.

Најново на форумот

  • No posts to display.