Една од најважните потреби за одржување хигиена во станот е промена на воздухот во него, односно неговото проветрување. Најважни причини поради кои е потребно да се врши проветрувањето се: испарување од телата, пареи и мириси од готвење, разни топлотни извори во станот, чад од пушење, разни гасови и мириси кои можат да влезат во станот од непосредната околина.

Споменатите мириси од испарувањето кои имаат и свој назив “станбени мириси“ се штетни за човечкото здравје исто колку и премногу високата температура и преголемата релативна влажност на воздухот, бидејќи негативно влијаат на апетитот и на телесниот развој, особено кај децата и чувствителните лица.

 

За отстранување на тие миризби потребна е смена на воздухот која се постигнува со природна размена ако секоја населена просторија има по 11 м3 по личност, односно 14 м3 за да е можно да се смести и соодветен мебел. Таа норма за минимална квадратура на населена просторија ја одредува истовремено и нејзината минимална површина односно 4,50 м3 по личност со минимална висина на собата од 2,45 м.

Споменатото проветрување се врши со поминување на воздухот низ порите на градежниот материјал и шуплините на градежните конструкции, потоа низ вратите и прозорите, кои никогаш не се затвораат целосно, а ефектот на природното проветрување се зголемува до саканата мерка со дополнително отворање на вратите и прозорците.

Со повремено отворање на прозорите можат целосно да се задоволат потребите за проветрување. Со истовремено отворање на спротивните прозорци и врати може да се забрза проветрувањето. Воздухот во просторијата пак брзо се загрева, бидејќи подовите, ѕидовите, таваните и мебелот дејствуваат како задржувачи на топлината.

Лесно проветрување може да се постигне со прозорците кои можат да се отворат хоризонтално само во горниот дел , а овие најчесто се инсталираат во кујни поради излегување на пареите и миризбите, како и во спалните соби, бидејќи свежиот воздух е многу важен за мирен сон.

Просториите можат да се ветреат и со разни уреди за довод на свеж или одвод на загадениот воздух.