Знаете ли дека начинот на кој ќе го уредите домот драстично може да влијае на вашата продуктивност? Ако констатно ви недостига концентрација и страдате од намалена продуктивност, најдобар избор е топла нијанса од портокалова боја.

 

Често прилично тешко е да се концентрирате дома на секојдневните нешта кои ви пречат, но начинот на кој ќе ја уредите работната соба во домот може силно да влијае на продуктивноста и концентрацијата. И додека модерните канцелариски уреди можат да ви помогнат да се организирате, боите кои ќе ги одберете за просторот имаат големо влијание на вашата продуктивност.

Според древните начела од фенг шуи, портокаловата е јанг боја која го стимулира фокусот, концентрацијата и ја подобрува организацијата. Поради тоа таа е совршен избор за канцеларија или работна соба дома. Но и самата боја не е толку важна колку нијансата.

- Она кое одредува дали одредена боја ќе биде стимулирачка или смирувачка е нејзиниот интензитет. Така силно светлата боја ќе има стимулирачки ефект, а пригушените нијанси смирувачки – вели Анџела Рајт, психиолог за бои.

Затоа ако сакате да бидете продуктивни, изберете бои во посветла нијанса. Бидејќи таа нијанса е енергизирачка, не е добар избор за работно катче во склоп на спалната соба, која треба да биде смирувачко место. Но ако не сте подготвени да ги обоите ѕидовите во оваа модерна нијанса, во неутралниот простор внесете ја портокаловата боја со различни детали, од вазни, украси, перничиња или пак столче.