Често сте во дилема кои од производите што секојдневно ги користите можат да се употребат за чистење во домот, за лична хигиена или пак како медикамент, со цел да се избегнат штетните хемикалии.

Подолу имате листа за најчестите употреби на шест домаќински продукти, кои не само што ќе ви го олеснат буџетот, туку истовремено ќе ви помогнат да останете здрави вие и семејството. Додајте им неколку капки есенцијални масла, како лаванда, роза или портокал, за екстра задоволство

 

1. Лимонов сок

Дома – чистење на стакло и прозорци, осветлување на бела облека, дезинфекција на штицата за сечкање, чистење на тоалетниот мијалник.

Убавина/ лична хигиена – отстранува дамки од сонце на кожата, ја осветлува косата, ги намалува брчките, ги стеснува порите.

Исхрана/медицина - детоксикација, подобра дигестија, олеснува болки во грло, го зајакнува имунитетот

 

2. Кокосово масло

Дома – полирање мебел од дрво, подмачкување и заштита од влага на разни површини, отстранување на нечистотии од тушот.

Убавина/ лична хигиена – серум за коса, сјај за усни, дезодоранс, намалува брчки.

Исхрана/медицина – ја подобрува функцијата на тироидната жлезда, ги редуцира мигренозните главоболки.

 

3. Јаболков оцет

Дома – ги брка мувите, одличен е за чистење на микробрановата, отстранува непријатна миризба од вешот.

Убавина/ лична хигиена – олеснува при изгореници од сонце, можете да миете коса со него, да третирате акни и да го користите како афтершејв.

Исхрана/медицина – детоксикација (и слабеење), го контролира високиот притисок, лекува габични инфекции, помага при настинки.

 

4. Бел оцет

Дома - полирање сребро, чистење прозорци, неутрализира мириси, отпушува цевки.

Убавина/ лична хигиена – помага при стомачни проблеми, убод од пчела, може да го користите како регенератор за коса.

Исхрана/медицина – го омекнува месото, го отстранува мирисот на лук, ја одржува свежината на зеленчукот.

 

5. Сода бикарбона

Дома – гаснење помал пожар, чистење на тоалет и мијалник, чистење на рерна и скара.

Убавина/ лична хигиена – наместо антиперспирант, како паста за заби, смирува црвенило од пелени, помага при желудочни киселини.

Исхрана/медицина – може да се користи како средство за стасување тесто, ако ставите во омлет тој ќе биде помек и воздушест, пилешкото го прави крцкаво.

 

6. Рицинусово масло

Дома – ги брка глодарите, добар е за подмачкување на кујнските ножици, помага во заздравување на саксиските билки.

Убавина/ лична хигиена – ги зајакнува трепките, ги обновува испуканите петици, ги омекнува кутикулите.

Исхрана/медицина – добро е за третирање на сува кожа, лаксатив е, го индуцира породувањето, ги олеснува менстуралните грчеви.