Дали некогаш сте се запрашале каков воздух дишеме во нашите домови? Колку тој влијае на здравјето на нашите деца? Чистиот планински воздух е најповолен за сите, особено децата и болните, но како да се овозможи во домашни услови?

Верувале или не, денешното градежништво ни го нуди и тоа - да живееме во енергетски ефикасен дом, уживајќи во неговата термичка удобност воедно дишејќи воздух со квалитет еднаков како оној на 1500 м.н.в.

Зарем не звучи идеална и самата замисла да се живее и работи во една ваква градба, а притоа квалитетот и комфорот на живеење да ни се подобри и тоа повеќекратно?! Денес таа замисла е преточена во реалност.

Бенефитите од стандардот познат како „Пасивна куќа“ востановен во Германија уште во почетокот на 90те години од минатиот век, денес ги уживаат многу семејства. До денес преку 40.000 различни типови на градби низ светот се изградени според него.

Постојат неколку основни принципи поврзани со овој стандард што ги прави овие градби уникатни во споредба со оние кои што се изградени според стандардниот систем на градење:

1. Во „Пасивната куќа“ има контролирана вентилација која е најважниот фактор, бидејќи овозможува достава на хигиенски безпрекорно чист воздух, без прав, полен и други честички. Циркулацијата на воздухот почнува со постојана достава на свеж воздух во просториите за дневен престој, спалните и детските соби, додека преку кујната, купатилата и тоалетите се извлекуваат искористениот воздух, вишокот на влага и миризбите од просториите во кои настануваат. Ваквиот систем за вентилација е особено значаен за лица кои страдаат од алергии и други слични здравствени проблеми.

2. Преку комбинацијата од воздухонепропусна изолација и високо квалитетните прозорци со тројно застаклување кои во зима и лето одржуваат удобна и изедначена температура во целиот објект, „Пасивните куќи“ се енергетски најефикасни градби. Нема провев, нема „ладни нозе“, не постојат фуги во ѕидовите низ кои се губи енергијата.

3. Прозорците во „Пасивната куќа“ можат да се отворат само доколку имате желба тоа да го направите. Воздухот е комплетно променет на секои 3 часа, поради што не постои реална потреба од „проветрување“ за размена на создадениот CO2 со кислород од надвор. Тоа е уште еден од бенефитите кои „Пасивната куќа“ ни го овозможува.

4. Сите површини во „Пасивната куќа“ се со температура над 17оС, вклучувајќи ги подот, надворешните ѕидови или оние зад плакарите. На тој начин влажноста на воздухот е многу ниска и појавата на мувла на ѕидовите е невозможна.

5. Единствено градбата која реално ќе ги исполни условите за потрошувачка на енергија за греење и ладење од максимум 15 kWh/ m2 на годишно ниво, може да се стекне со приматот „Пасивна куќа“. Изразено во бројки тоа би значело дека еден станбен простор од 60м2, ќе потроши во текот на една година максимум 900 kWh/ m2 или според моменталната просечна цена на струјата тое е еднакво на 3.600 денари за цела година.

Компонентите кои се применуваат во изведбата на „Пасивните куќи“ се пријатели на животната средина. Произведени од рециклирачки материи, тие нема да им штетат ниту на генерациите на кои им го оставаме светот.

Автор: м-р Габриела Крстевска, директор на Цивкон

{AG thumbWidth="200" thumbHeight="120" thumbAutoSize="none" arrange="priority" backgroundColor="ffffff" foregroundColor="808080" highliteColor="fea804" frame_width="500" frame_height="300" newImageTag="0" newImageTag_days="7" paginUse="1" paginImagesPerGallery="10" albumUse="1" showSignature="0" plainTextCaptions="1" template="classic" popupEngine="slimbox"}2013/08/pasivna_kuka{/AG}

Најново на форумот

  • No posts to display.