Животните се многу чувствителни на временските услови. Иако многу од нив се покриени со крзно, природната заштита не е доволна. Следат 10 совети кои ќе ви помогнат како на најдобар начин да го заштитите вашето милениче од ниски температури, снег и мраз.

1. Никогаш не ја пуштајте мачката сама надвор. Постои опасност да се изгуби и смрзне.

2. Бидете внимателни кога го стартувате автомобилот. Мачките кои живеат на улица често се кријат под хауба, за да се загреат. Наместо веднаш да го стартувате моторот и така го повредите животното, најдобро е претходно да тропнете по хаубата силно, за да ја исплашите мачката и ја натерате да побегне.

3. Правилото за непуштање мачки, важи и за кучињата. Сопствениците на кучиња не смеат својот миленик да го пуштаат без поводник. Најголем број кучиња се губат баш во тек на зимата. Причина за тоа е што овие животни поради ладното време често го губат сетилото за мирис и тешко го пронаоѓаат патот до дома.

4. Избришете му ги стомакот и нозете на кучето кога ќе се вратите од прошетка. На нив често се задржуваат сол, антифриз и други опасни хемикалии со кои може да дојде во допир.

5. Кучето не го шишајте до кожа, бидејќи така му го отстранувате крзното кое е природен изолатор. После бањање, добро исушете го миленичето, па дури потоа извадете го надвор.

6. Никогаш не ги оставајте мачката или кучето сами во кола. Автомобилот е како замрзнувач кој одржува ладно, па вашите миленичиња можат да се смрзнат.

7. Бидете посебни внимателни со кученцата, бидејќи тие не го поднесуваат добро ладното време како повозрасните примероци. Младенчињата дури и потешко можат да ја вршат нуждата надвор.

8. Ако вашето куче поминува многу време надвор, појачајте му ја исхраната, дајте му поголеми порции храна, посебно зголемете го внесувањето протеински намирници.

9. Обратете внимание на траговите од антифриз. Оваа супстанција е смртоносна за кучињата и мачките. Затоа избришете ги сите места на кои се истурил антифриз, дури и најмала капка.

10. Обезбедете за животното топло место за спиење, катче прекриено со топло ќебенце, идеално за ладните зимски денови.

 

 

Најново на форумот

  • No posts to display.