За некои работи едноставно не се исплати да се штеди. Но кога сте во супер-маркет слободно бирајте поефтини работи, бидејќи тоа е единствен начин да ви останат пари во домашниот буџет. Едноставно постојат намирници за кои никогаш не треба да давате премногу пари.

 

Маслиново масло – ако некогаш сте гледате телевизија, сигурно сте забележале дека мајсторите на занаетот најмногу сакаат да се расфрлаат со маслиновото масло. За да заштедите за секојдневно готвење бирајте пакување од помалку познат производител. Купувајте помали шишиња, додека не откриете кое масло најмногу ви одговара.

Оцет – ова е продукт на кој можете сè уште да штедите. Потполно неважно е од кој производител е оцетот, дали е бел или црвен, разликата е незначајна. Единствено ако купувате балзамиран оцет – на него не штедите. Вашиот стомак ќе цени кога купувате „добра роба“.

Печурки – колку ви дозволува буџетот трошете на печурки. Огромна е разликата во квалитетот на приготвеното јадење во зависност кој вид печурки ќе го изберете. Сепак, за да не банкротирате, направете микс од повеќе видови печурки. Вкусот на јадењето кое го приготвувате ќе биде фантастичен, а нема да чини вистинско мало богатство.

Тестенини – сите тестенини кои се на продажба воглавно одговараат на нутритивните и кулинарски стандарди. Разликата во цената, едноставно е одраз на брендот, пакувањето, но и обликот на пастата. Не морате да трошите премногу пари на тестенини, туку паметно насочете го на она со кое ќе го комбинирате јадењето.

Јаткасто овошје – ако пред вечерата, како предјадење сервирате чинија бадеми, фстаци, ореви... тогаш не сте во прилика да штедите. Затоа купувајте во продавници за здрава храна. Ако лешниците, бадемите, оревите ги користите за готвење, никој нема да забележи ако ставите помала количина или само во траги.

Конзервирани домати – ако ви е потребна за јадењето само една лажица пасирани домати, нема да е страшно ако не ја ставите. Бирајте ги најефтините, бидејќи хранливата вредност на сите производи е иста. Ако ви треба поголема количина, можете да разблажите едно, начнато пакување со вода – нема битно да влијае на квалитетот на вкустот.

Црвено месо – месото и протеините од него мораат да се со врвен квалитет, но паметен купувач знае да избере квалиетно месо, помалку обработено, со што може значително да заштеди. Затоа важно е да се знаете со локалниот месар, кој за вас секогаш ќе има добра препорака. Научете се адекватно да го готвите секое парче месо, па деликатесниот вкус никогаш нема да изостане.

Ориз – ефтиниот ориз е одличен избор. Нема потреба да купувате скап, брендиран, добро запакуван, освен ако не сакате баш да се расфрлате. Подобро заштедете на овој продукт, а купите квалиетна риба која ќе ја подготвите како главно јадење.

Најново на форумот

  • No posts to display.