Декоративните перници се одлични за трансформирање на животниот простор, без големи трошоци врз семејниот буџет. Без разлика за која соба станува збор, интересно распоредените перничиња ја прават поинаква и повесела

 

Соодветни бои

Обидете се да поставите перници така да се сложуваат со доминантната боја од соседната соба. Преодниот ефект дава хармонија и контиунитет меѓу вашите животни простории.

 

Слоевита лежерност

Професионалните дизајнери комбинираат разни ткаенини, облици и величини за слоевит изглед на перниците. По нивниот пример поиграјте си со ткаенините, цветни дизајни, линии и бои, за да му дадете единствен изглед на својот дом.

 

Насликани призори

Користете рачно сликани перничиња или перници на кои има копија од сликата на вашиот омилен уметник. Ќе внесете уметнички дух во домот, без правење дупки по ѕидовите.

Жив свет

Со ботанички и животински призори на перниците ќе имате чувство како да сте опкружени со природа, иако живеет во срцето на градот. Комбинирајте ги со земјено зелени или кафеави тонови за да го зачините просторот.

 

Детски соби

Детските соби воглавно не се уредни, па еднобојните перничиња ќе помогнат да изгледаат помалку натрупани. Изберете меки перничиња од микрофибер кои лесно се одржуваат. Микрофибер ткаеинините се поцврсти и трајни од повеќето други материјали, а можат да се чистат само со влажна крпа. Исто така, за детска соба одлични се големите подни перници кои се совршени за читање и игра. Секако не заборавајте да бидат во весели бои.

 

 

 

Најново на форумот

  • No posts to display.