Детските соби се забавни за дизајнирање, бидејќи ви даваат можност за бескрајна фантазија, со помош на која можете да направите навистина прекрасни тематски уредени соби.

Ако во моментов размислувате за уредување на детската соба, еве фантастични дизајни.

Ултра модерно

Искористени се светли и јаки бои за детаљи од мебелот наспроти белaта боја која доминира во просторот. Иако дизајнот е свежи чист, истовремено на духовит начин е привлечен за деца. Перниците во светол и шарен дизајн, како и копијата на зебра тепих даваат топлина на просторот. Лустерот во вид на еленски рогови е посебно модерен во овој простор.

 

20.000 милји под морето

Оваа соба е вистинска подводна оаза. Ѕидовите се обоени во темно сина и имаат исцртани ајкули и риби, така што се добива чувство дека сте во морската длабочина. Главна атракција во собата е секако висечкиот брод кревет, како и мостот од јажиња. Оваа соба е навистина уникатна.

 

Пролетна шума

Уникатниот кревет е главниот елемент во оваа соба. Постерите залепени наоколу, со мотиви од расцветани дрвја даваат единствено чувство и пријатна атмосфера. Нежниот дезен на постелата со истиот дизајн како постерите само се вклопува во целата слика на прекрасна расцветана соба. Можеби овој дизајн на соба не е забавен, но секако е убав и пријатен за деца и млади.

 

Летна градина

Интересен дизајн на соба, која буквално ја „носи“ градината внатре во домот. Посебно дизајн н креветот како да е направен од обични штици и столчињата печурки, дефинитивно даваат чувство на летна градина каде можете да се опуштите. Зелениот тепих кој потсетува на трева и останатите елементи одличного надополнуваат дизајнот на оваа разиграна соба.

 

На сафари

Храбриот мурал на ѕидовите е главниот елемент во сафари дизајнот. Светлата портокалова боја доминира и асоцира на топлото африканско сонце, а воедно е сосема спротивен од останатиот неутрален изглед на собата. Животните од саваната се „шетаат“ по ѕидовите и даваат поголема афтентичност на целокупниот дизајн. Висечкиот авион и дава на собата детски шарм.

 

Во светот на самовилите

Собата е за мали деца, кои ги обожаваат самовилите. Вешто осмислениот кревет е во одлична комбинација со шупливото дрво, додека оградата и екстра просторот за складирање околу креветот ги прават елементите привлечни и практични. Нежната розова боја во која се изработени креветот и висечките цветови- лампи, даваат на собата единствена самовилска атмосфера.

 

Куќичка на дрво

Кога сте дете, ништо не е повозбудливо од вашата прва куќичка на дрво. Колку забавно ќе биде да се спие секој ден во една таква куќа! Креветот во оваа соба е посебно дизајниран и личи како да е закачен на едно гигантско дрво. Забавните бои и шари на ѕидовите и таванот даваат чувство на авантуристичка и забавна соба.

 

Во џунглата

Бегство во длабочините на џунглата ќе ви овозможи оваа интересна детска соба. Големиот мурал со колоритните растенија и животни е идеален дезен за креветот. Детето може да се качува низ густите лисја и лијани до креветот на горниот кат, каде ќе соие заедно со леопардите.

 

Хелоу Кити принцеза

Розево насекате! Балдахинот од сатен и розевиот тепих ја прават собата совршена за малата принцеза. Хелоу Кити врамената слика и другите детали се одлично искомбинирани.

 

Елегантно и свежо

Оваа елегантна и модерна соба е добра за деца на сите возрасти. Храбрите сина и портокалова боја вешто искомбинирани и‘ даваат на собата разиграна атмосфера, без при тоа да изгледа ептен детски. Вградениот мебе, овозможува дополнителен простор за складирање, каде можат да се чуваат сите играчки и облека, а собата во секој миг изгледа уредно. Скриените кружни светла и‘ даваат на собата дополнителен модерен и футуристички изглед.

{AG thumbWidth="200" thumbHeight="120" thumbAutoSize="none" arrange="name" backgroundColor="ffffff" foregroundColor="808080" highliteColor="fea804" frame_width="500" frame_height="300" newImageTag="1" newImageTag_days="7" paginUse="1" paginImagesPerGallery="10" albumUse="1" showSignature="0" plainTextCaptions="1" template="classic" popupEngine="fancybox"}2012/11/sobi{/AG}

Најново на форумот

  • No posts to display.