Кога купувате душек на кој треба да спијат вашите деца, сигурно сакате да бидете сигурни дека го купувате вистинскиот и најдобриот тип. Многу често денес се слуша за органски душеци. Колку и дали се добри за децата?

Една од главните причини поради која некои родители бираат органски душек за децата е што се поинакви од регуларните душеци, бидејќи пред сè не се изработени од материјли како полиетиленска пена, најлон или полиестер кој е базиран на петролеум. Сите тие емитираат штетни материи и други хемикалии кои не се безбедни за децата.

Органските душеци се изработени од природни материјали кои не емитираат штетни материи и поради тоа некои ги сметат дека се подобри за децата.

Што е важно при изборот на органски душек?

Кога ќе се решите да купите ваков душек, треба да знете што да гледате, т.е на што да обрнете внимание:

- Органски памук- се користи за изработка на обвивката на душекот и е многу подобар од материјалите кои стандардно се користат и најчесто се третирани со огноотпорни хемикалии.

- Душеци кои содржат нетретирана волна, бидејќи е природна. Таа е огноотпорна без да се третира со разни хемиклии и е добра заштита од грињи.

- Некои органски душеци содржат природен латекс кој се добива од каучуково дрво.

 

Придобивки:

- Алергиите се намалуваат – многумина знаат дека синтетичките душеци можат да предизвикаат алергии, кои се проблематични за малите деца, а и за возрасните.

- Оргаските душеци се безбедни дури и за најмалите деца, бидејќи не се третираат со никакви хемикалии воопшто.

- Влажноста во душекот е многу ниска, поради што детето кога спие на него се чувствува попријатно и свежо во тек на ноќта што е многу важно за здрав сон.

 

Недостатоци:

- Овие душеци се многу скапи, поради што не може секој да си ги дозволи, особено за деца, кои брзо растат.

- Некои луѓе забележале дека органскиот душек има слаткаст, дури леплив мирис кој не може секое дете да го поднесе.

- Бидејќи памукот и волната се природни, лесно се компресираат од тежина и со тек на време од употребата, се појавуваат вдлабнатини и нерамнини. Поради тоа душекот станува неудобен.

- Памукот и природниот латекс се лесно запалливи, што мора да се земе во предвид кога станува збор за безбедноста на децата.

- Некои душеци кои се рекламираат како органски, сепак не се целосно направени од органски материјали.

 

Заклучок:

Ако немате против да потрошите многу пари за душек за вашето дете и сте свесни за сите недостатоци, кога го купувте, тоа може да биде добар избор. Како и да е размислете добро за сите придобивки и недостатоци кога бирате душек и свесно направете го изборот.