Кога ќе се решите за уредување на домот многу важно е каква комбинација на боите ќе изберете. Бојата е моќна алатка која може да биде искористена да инспирира емоции, да создаде илузија во просторот или едноставно да го подобри расположението и атмосферата во било која соба.

Особено кога е правилно искористена, психологијата на боите е одличен начин да се создаде здрав и убав дом. Еве неколку совети како правилно да ги искористите боите

 

1. Создадете илузија во просторот со светли бои. Ако сакате домот да изгледа поголем отколку што е, употребете светли и весели бои како жолта, кремаста, бледо розева (боја на лушпа од јајце). Избегнете ја вообичаената чисто бела боја. Иако на овој начин не можете да додадете простор, сепак ефектот со илузија од светли бои е многу ефективен.

2. Со црвена боја во кујната зголемете го апетитот. Според некои истражувања забележено е дека црвената боја предизвикува зголемен апетит, поради што многу ресторани ја бираат оваа боја (или барем детали во црвено) за уредување на просторот. Доволно е во вашата кујна да додадете неколку црвени детали – на пример шари во црвено, на белиот ѕид, црвена врата или ролетни.

3. Во влезното фоаје од домот направете микс од боите кои доминираат во внатрешниот и надворешниот простор од домот. Исто така можете да искористите некои од боите кои ги има во надворешниот простор, за детаљи во интериерот на дневната соба. Тоа гарантирано ќе ги воодушеви гостите.

4. „Загрејте“ го домот со бои во длабоки тонови. Користете црвена, портокалова, жолта, во декорирањето на собите, за да овозможите да има топлина во интериерот, особено во тек на зимскиот период.

5. „Изладете“ се во текот летото со ладни бои. Ваквите тонови на бои, особено сината, може да направи вашиот дом да изгледа свежо, ладно и чисто во текот на летото. Затоа ваквите бои се посебно добри за летни викендички.

6. Употребете бои од вашето минато. Многу стручњаци ќе се сложат дека користењето бои кои ве асоцираат на детството, особено во кујната, може да предизвикаат убави чувства, бидејќи ви будат убави емоции. Ако не можете да се сетите на такви бои, имајте на ум дека црвената и жолтата се одлични за разиграна и софистицирана кујна.

7. Релаксирани бои, за релаксирани простори. Во бањата и спалната, ладните бои можат да создадат релаксирана атмосфера. Земете ги во предвид и нијансите од сина, зелена, дури и боја на лаванда, за да се смирите кога сте во својот омилен простор. Кога ја користите оваа техника имајте во предвид дека потемните нијанси од боите даваат подобар ефект.

8. Избегнете ја црвената боја ако имате висок крвен притисок. Додека оваа боја може да има ефект на апетитот, темните нијанси од црвената боја често се поврзуваат со негативно влијание на високиот крвен притисок и раздразливоста, ако се доминантни во другите соби. Ако сакате темна нијанса од некоја боја во спалната или дневната соба, подобро изберете ладна боја, отколку топла.

9. Расположете се со омилената боја во бањата. Ако некоја боја воопшто не ви се допаѓа кога бирате гардероба и верувате дека воопшто не ви прилега, избегнете ја максимално и при уредување на просторот. Сигурно сакате да изгледате убаво кога ќе се погледнете во огледалото од бањата, а ако ја имате омилената боја околу себе, тоа дополнително ќе ве расположи.

10. За работна соба одличен избор е зелената боја. Таа инспирира концентрација и добро расположение. Тоа воедно ќе ви овозможи полесно да ги завршите обврските и да имате повеќе време за семејството. Изберете нежни тонови на зелена. Како и да е, немојте да ја претворите работната соба во џунгла. Претерувањето може да биде вознемирувачко.

11. Зголемете го оптимизмот со жолта боја. Одличен начин да ја искористите во интериерот на домот е влезниот ходник или предниот трем. Кога ќе заминете на работа или на училиште, жолтата боја од овој дел од домот ќе ви го зголеми оптимизмот и ќе ви помогне полесно да се соочите со предизвиците кои се пред вас.

12. Не се лажете по виолетовата боја. Иако таа асоцира на здравје и романтика, многу е ретка во природниот свет, па може да биде многу строга ако ја внесете во домашниот декор. Ако навистина сакате нешто виолетово во домот, тогаш балансирајте ја со природни бои како нежна жолта или зелена.

13. Ако сакате да искористите кафеава боја во интериерот, решете се за некоја побледа нијанса. Доколку ви се допаѓа бојата на дрво или веќе имате кожен кафеав мебел, вклопете го со нежни нијанси од кафеавата на некој од ѕидовите. Сепак имајте во предвид дека кафеавата боја кај некои луѓе предизвикува депресија.

14. Црната боја не е само за тинејџерски соби. Вистински предизвик е да се вклопи во просторот, особено ако планирате така да бојадисате некој ѕид. Проблемот со црната боја е што дава илузија на помал простор, т.е го стеснува просторот. Ако сакате да ја исполните желбата на вашиот тинејџер, решете се за црн таван со неколку флуоресценти ѕвезди. Ако сакате повеќе, декорирајте ја собата во ноќен пејсаж.

15. Постои добра причина зошто белата е најчест избор за бањата. Таа боја не само што симболизира плодност и чистота, туку го олеснува чистењето на бањата. Задоволството од чиста и свежа бања, во омилената бела боја може да ве инспирира на релаксираност.

{AG thumbWidth="200" thumbHeight="120" thumbAutoSize="none" arrange="name" backgroundColor="ffffff" foregroundColor="808080" highliteColor="fea804" frame_width="500" frame_height="300" newImageTag="1" newImageTag_days="7" paginUse="1" paginImagesPerGallery="10" albumUse="1" showSignature="0" plainTextCaptions="1" template="classic" popupEngine="fancybox"}2012/10/boi{/AG}

Најново на форумот

  • No posts to display.