Теглите со зачини, кои најчесто се многу и не знаете како да ги организирате, можете сега да ги сместите на полица, која лесно, сами ќе ја изработите

Потребни ви се дрвена полица во вид на буквата Г, штрафови, тегли со капаци и алат за работа.

1. Полицата можете да ја купите, или сами да ја направите со лепење на две парчиња иверка во положба на буквата Г.

2. Кога ќе биде готова полицата, на внатрешната страна со штрафови зацврстете ги капаците од теглите. За да не се вртат, употребете по 2 штрафчиња (внимавајте на должината на штрафовите, да не излезат од другата страна од полицата).

3. Обележете каде ќе ја закачите полицата на ѕидот и зацврстете ја со неколку штрафчиња.

4. Теглите наполнете ги зачини и завртете ги на капаците. На горниот дел од полицата исто така можете да ставите некои ситници, кои треба да ви се при рака.

Најново на форумот

  • No posts to display.