Барате солуција за уредување на мал станбен простор? Уредувањето на мали станови со модерен изглед, секогаш е предизвик за стручните лица од таа област.

Искуството и професионализмот на дизајнерите, исто и оригиналниот концепт, креативноста и имагинацијата се главниот печат на добро завршената работа. Економичност, функционалност и интимност е основните зборови со кои може да се опише овој проект.

Домот е сместен во едно мало студио во Ист Вилиџ, Њујорк, а сите негови делови не само што се одлично функционални туку и естетски се привлечни. Овој брилијантен дизајн овозможува многу релаксирана, комфорна и топла атмосфера. Направена е одлична врска меѓу елементите, така што сите се вкомпонирани правилно. Воедно максимално е искористен секој сантиметар празен простор во станот, така што просторот е прозрачен и отворен.

Интересна е комбинацијата на дрвени елементи кои се добар контраст со модерниот минималистички мебел. Дрвото е искористено во сите елементи кои го делат апарманот на различни зони: кујна, бања, работен простор и простор за спиење. Скалите кои водат до “спалната соба“ се искористени и како фиоки за чување облека или други ситници. Белите ѕидови и природното светло визуелно го зголемуваат просторот, овозможувајќи пријатна светлина.

Дизајнерски тим: Џордан Парнас, Дерик Боровски, Дени Оренстајн и Шон Карнс

Фотографии: Франк Оудеман и Шон Карнс

{AG thumbWidth="200" thumbHeight="120" thumbAutoSize="none" arrange="name" backgroundColor="ffffff" foregroundColor="808080" highliteColor="fea804" frame_width="500" frame_height="300" newImageTag="1" newImageTag_days="7" paginUse="1" paginImagesPerGallery="10" albumUse="1" showSignature="0" plainTextCaptions="1" template="classic" popupEngine="fancybox"}2012/08/stan{/AG}

Најново на форумот

  • No posts to display.