Ако мислевте дека ништо не може да ве изненади кога е во прашање дизајнот на столовите, младите и креативни дизајнери отидоа чекор понапред и изненадија со својата фантазија.

Според новите модели на столови, може да се каже дека најважно е да се функционални, удобни и необични.

 

Светот неодамна со свои креации го изненадија дизајнерите Хе Му и Занг Киан од Шангај. Нивниот стол носи име „сончоглед„ и е вистинскиот претставник на новите трендови во светот на мебелот.

Столот плени со својот атрактивен изглед- удобно жолто перниче за седење врамено со венец кој впрочем е полица за книги. Ваквиот стој истовремено е украс, место за седење, а и место каде можете да ги складирате книгите или други ситници.

Но, овој стол не е единствениот кој ќе ви го привлече вниманието. Многу интересен е на пример столот со тркала од дизајнерот Адам МОлнар, како и малку ретро столот со ликот од Мерилин Монро, чиј дизајнер е Кристин Делвекио.

{AG thumbWidth="200" thumbHeight="120" thumbAutoSize="none" arrange="name" backgroundColor="ffffff" foregroundColor="808080" highliteColor="fea804" frame_width="500" frame_height="300" newImageTag="1" newImageTag_days="7" paginUse="1" paginImagesPerGallery="10" albumUse="1" showSignature="0" plainTextCaptions="1" template="classic" popupEngine="fancybox"}2012/08/stolovi{/AG}

 

 

 

Најново на форумот

  • No posts to display.