Сакате необични и модерни парчиња мебел, украси...еве една интересна идеја, како можете и самите да ги направите. Сè што е потребно е да засадите дрво.

Питер Кук и Беки Нортни, својата љубов кон уметноста и природата ги споиле во едно. Имено брачниот пар кој живее на својот имот во Австралија има засадено илјадници дрвја, од кои во текот на растењето (кое трае и по неколку години) формираат разни скулптури, огледала, рамки, масички, столчиња.


Ова моделирање на дрвата додека растат го нарекла pooktre, а се состои во тоа да додека расте дрвото, неговите гранки се насочуваат и врзуваат да растат според планот кој е изработен однапред.
Потоа дрвото може да се остави како такво да ја краси градината или да се исече и од него да се добие некое убаво парче мебел или украс.

Тие денес освен што на својот имот растат дрва во различни форми кои подоцна ги продаваат како такви или пак ги сечат и прават скулптури, им нудат на сите заинтересирани можност сами да го израстат своето необично дрво. Сè што е потребно е да ги контактираат преку мејлот и потоа да се договорат со нив.

 

Во консултација со клиентите го изработуваат планот за тоа како ќе изгледа дрвото, им објаснуваат каде да се засади, како да се негува и што е потребно да се обликува додека ја добие саканата форма.


Питер и Беки имаат издадено книга за тоа како се одгледуваат ваквите дрва, исто така и на нивниот вебсајт постојано даваат нови информации и контактираат со клиентите.

{AG thumbWidth="200" thumbHeight="120" thumbAutoSize="none" arrange="priority" backgroundColor="ffffff" foregroundColor="808080" highliteColor="fea804" frame_width="500" frame_height="300" newImageTag="1" newImageTag_days="7" paginUse="1" paginImagesPerGallery="10" albumUse="1" showSignature="0" plainTextCaptions="1" template="classic" popupEngine="fancybox"}2012/07/drva{/AG}

Најново на форумот

  • No posts to display.