Многу е убаво кога ќе дојдете дома, уморни од работа и можете да се опуштите во удобна фотелја или кревет. Да легнете и да оставите сите грижи да заминат. Ако имате соодветен мебел, тоа опуштање може да биде уште поудобно

Според древниот фенг шуи принцип, уредувањето на домот и она кое го прави просторот удобен за престој и го поттикнува чувството на среќа и опуштеност е протокот на чи енергијата низ просторот. Ако мебелот и другите детали во просторот имаат остри работи, оневозможен е смирен и флуентен проток на енергијата. Според овој принцип се верува дека острите рабови ја одбиваат енергијата кон луѓето кои спијат или седат наспроти нив. Исто така, острите рабови спречуваат енергијата да тече низ целиот простор, бидејќи се одбива од острите рабови. Според фенг шуи принципот тоа може да се спречи со поставување билки на таквите места во куќата или избор на одредени ткаенини и бои, различни материјали кои го ублажуваат негативното влијание на енергијата. Идеално е да се користи мебел со заоблени рабови, а при изграба да се користат заоблени агли, советуваат познавачите на овој принцип.

 

Заоблени форми на мебел за позитивни емоции

За да не биде сè оставено на фенг шуи принципите, спроведени се истражувања кои покажале на многуте позитивни влијанија кои ги имаат заоблените облици на мебел и во просторот над емоциите кај луѓето. Имено, се покажало дека просториите со заоблен мебел предизвикуваат повеќе угодни и смирувачки емоции како задоволство, спокој, мир и опуштеност во однос на просториите со четираголен, аглест мебел. Просториите со таков мебел предизвикувале повеќе неугодни, вознемирувачки емоции како расеаност, здодевност, лутина, во однос на другите простории. Учесниците во истражувањето изјавиле дека би поминувале повеќе време и би се дружеле со други луѓе во просториите со заоблен мебел во однос на оние со четираголнест и аглест мебел.

Живи бои за веселост, опуштеност и удобност

 

Познато е дека боите влијаат на емоциите. На пример црно-белите простории поинаку делуваат на емоциите од просториите исполнети со живи бои. Првите можат да предизвикаат чувство на замор, здодевност, нерасположение, додека другите предизвикуваат веселост, опуштеност и удобност. Едноставно имате поголема желба да престојувате во нив. Од таа причина истражувачите користеле симулации на простории во исклучиво сиви тонови за да бојата не влијае на ефектот на просторија со заоблен или аглест мебел. Секако, учесниците во истражувањето изјавиле дека им недостигаат бои во просториите.

Вашиот простор за опуштање и пријатни емоции

Имајќи ги на ум принципите на фенг шуи, и резултатите од спроведените истражувања, секако пронајдете си барем еден дел од домот кој ќе ви овозможи во создавањето на опушена и пријатна атмосфера, со мебел во живи бои и со заобени рабови. Ако пак го преуредувате станот или куќата или штотуку го уредувате, потрудете се да најдете мебел со заоблени рабови, пријатни и меки материјало во бои кои најмногу ви одговараат и ве прават свежи и весели. Внимателното планирање при уредувањето на домот и просторот во кој престојувате, може да ви биде од голема помош во него да се чувствувате удобно и поттикнувачки за извршување на работите со кои вообичаено се занимавате. Создадете си простор кој е пријатен да се престојува и работи во него, со што ќе го намалите влијанието на дополнителниот стрес од околината. Удобноста и функционалноста на просторот ќе го претворат вашиот дом во лична оаза на мирот и задоволството. А токму тоа ни треба, нели?

 

 

Најново на форумот

  • No posts to display.