Лулањето бебиња како метод за заспивање е познато одамна. Но, она кое се препорачува во стручните литератури е дека прекрасно место за заспивање на најмалите е во мајчината прегратка, на стол за лулање.

Сега она кое доаѓа како предлог, новиот мураками стол, дизајниран од Рохус Џејкоб, е нешто прекрасно. Тој ја користи кинетичката енергија која се создава при движењето, односно лулањето на столот, за да ја создаде енергија која подоцна може да се искористи за светење на ламбата прикачена на столот, која дава дискретна светлина.

Овој стол доби прва награда за дизајн, во категоријата Green Life, во која се натпреваруваат производи кои не и‘ штетат на околината. Така овој стол, штеди електрична енергија и ја користи енергијата од човечкото тело со која се движи столот за да се создаде светлина. Создадената енергија се складира во посебната батерија, па по потреба се користи. Уште еден плус е што за светлина не е потребна сијалица, туку светлината се продуцира низ обрачот од лампата направен од специјален материјал.

Останува да почекаме кога ова ќе биде достапно кај нас.

 

Најново на форумот

  • No posts to display.