Белата боја веќе неколку години има главно место во трендовите за опремување на интериерот, а се појавува насекаде: на мебелот, седечките гарнитури, осветлувањето, текстилните облоги, простирките, подните облоги.

Белата е една од ретките бои за која може да се каже дека секогаш е во тренд и без разлика на својата визуелна неутралност секогаш создава впечатливи ефекти во просторот, кои најчесто се гледаат во елеганцијата, луксузот и практиничниот минимализам. Белата боја едноставно морате да ја сакате од повеќе причини.

Чувството на беспрекорна чистота и прозрачнст, кои се чувствуваат во нејзино присуство, не може да ги создаде ниту една друга боја.

Освен одличното просторно изразување, белата боја одлично се комбинира со другите бои и тоа на начин да меѓусебно се истакнуваат една со друга. Доколку ви здодее ентериерот исполнет со бела боја, ефектните промени ќе ги постигнете лесно со воведување детали во други бои. Најновите трендови заедно со белата боја високо ги позиционираа сината, виолетовата, црвената, зелената, па комбинациите на овие бои се вистински хит. Посебно освежување е нивното комбинирање во интериери, но и екстериери со летни мотиви. Комбинацијата на белата со нијанси на други бои е многу ефектна, а зависно од интензитетот на нијансата, прилагодена на различните простори и нивната намена.

Белата дневна соба ќе биде многу погодна и освежителна во лето, иако неговата елеганција изразена низ доминацијата на белата боја во просторот, ќе биде атрактивна низ цела година. Доколку изберете бела подна облога, бели ѕидови и бел мебел, контраст направете со поставување темен тепих под мебелот за седење или темни елементи – (полици, декораци и сл) на ѕидовите. Во контрасниот однос на белата со темна боја, уште повеќе ќе дојде до израз нејзината сила и атрактивност во просторот. За оние кои не се љубители на контрастот, предлагаме да комбинираат елементи во понежни нијанси, кои нема да доминираат во просторот, туку дополнително ќе ја истакнат важноста на белата боја.

Доколку кујната, трпезаријата и дневната се поврзани како „отворен простор“ слободно поиграјте си со воведување на белата како доминантна сè присутна. Таа ќе обезбеди визуелни ефекти, кои просторот ќе го направат поширок и прозрачен, без разлика што функционално опфаќа три различни зони и со тоа станува на одреден начин оптоварен.

Вкупниот впечаток на „бело“ можете да го разбиете на пр. со поставување трпезариска маса со плоча од друг материјал (стакло, дрво, камен и др.), користење декоративни перничиња на столовите во трпезаријата или клуб гарнитура во дневната соба. Присуството на друга боја обезбедете го со детали, а белата оставете ја како доминантна во просторот.

Белата кујна сигурно ќе ве одушеви. Визуелната беспрекорна чистота и ускладеноста ќе го направат овој простор и во лето погоден за престој и подготовка на оброци. Белата боја делува освежително, па како таква е идеална за кујни во кои температурата, често се зголемува за време на подготвувањето храна. Доминацијата на белата можете да ја ублажите со воведување детали како стаклени предни делови на одредени делови во кујната, поставување работна плоча во друга боја, ѕидни облоги зад работната површина во друг материјал и т.н. доколку „ладната“ бела боја сакате да ја облагородите, внесете мотиви од природно дрво, кое во комбинација со бела апсолутен хит!

Бела спална соба е посебно атрактивна, но и визуелно освежителна во овој топол летен период. Ако сакате максимално удобен и релаксиран простор, изберете елементи за спалната во бела боја. Нејзиното присуство не треба да го ублажувате со воведување на друга боја, но можете да си поиграте со мотиви и отпечатоци на декоративни ткаенини, тепихот, постелината и т.н. На тој начин ќе го разиграте просторот но нема да ги пореметите ефектите кои ги создава белата боја со својата доминација во спалната соба.

 

Најново на форумот

  • No posts to display.