Ако сте се нашле во ситуација кога некоја едноставна работа ви се чини многу комплицирана, еве неколку идеи како да си помогнете. Многу се едноставни, а ефикасни

 

1. Јагодите ќе ги исчистете полесно ако користите сламка за пиење сок. Со нејзе поминете од долнит дел на јагодата кон дршката и таа ќе излезе.

2. Ако со јатка орев изгребете по гребнатините од мебелот, тие ќе исчезнат

3. Сакате да се осигурате дека вашето дете јаде овошје во школо. Исечете го јаболкото на резанки и врзете го со ластиче. Така нему ќе му биде полесно да го изеде, а воедно нема да оцрни, додека биде изедено.

4. За подобра среденост во плакарите, комплетите постелини подобро ќе бидат средени ако искористите навлаки за перници. Секој комплет постелина сместете го во соодветна навлака.

5. За да го зголемите звукот на телефонот кога сте дома, ставете го во длабока чинија.

6. Бебешката пудра помага во отстранување на песокот од кожата на бебето.

7. Ролните со украсна хартија подобро наредете ги на држачи од жици закачени на таванот во шпајзот или пак во плакарот.

8. Ви се изгуби обетка или некој друг ситен предмет, ставете тенка чорапа преку цревото од правосмукалката и потоа вклучете ја.

9. За патување, чевлите сместете ги во капа за туширање.

10. Ако немате соодветни држачи за ситници, искористете пластични чашки, наредени во калап за печење мафини.

11. За полесно снаоѓање со каблите, на секој закачете по еден стикер со името на апаратот од кој излегува.

12. За да ги сместите средствата за чистење, ставете една пластична цевка во садоперот или пак во орманчето во бањата и на нејзе закачете ги.

13. Изненадете го саканото лице со вакво јајце во облик на срце.

14. Ако ви се потребни калапи за правење печени мали корпи, искористете го калапот за мафини, само свртете го наопаку.

15. За да бидете сигурни дека е чистата салатата која ја користите за исхрана, направете садници од метал, закачени покрај ѕидот од куќата.

Најново на форумот

  • No posts to display.