Многу сопственици на мачки секако се добро запознаени со необичната навика на нивните миленици да ги следат во тоалетот. Постојат неколку можни објаснувања зад ова однесување на мачките.

 

Тие се љубопитни и разиграни суштества и сакаат да бидат со вас, но дали навистина треба да ве придружуваат до тоалетот? Што е уште поинтересно, мачките не сакаат кога луѓето ги гледаат како одат во тоалет.

Објаснувањето за ова однесување на мачките може да лежи во фактот дека се водат според нивниот инстинкт. Тие се предатори со ловечки нагон. Но, поради нивната големина, исто така знаат дека можат да бидат плен. Бидејќи мачката го доживува својот сопственик како чувар или замена за родител, може да се чувствува ранливо кога тој е отсутен.

Мачките се исто така „микро менаџери“. Позната е поговорката „љубопитноста ја уби мачка“, а кога нејзиниот сопственик ќе влезе во собата и ќе ја затвори вратата зад себе, мачката гледа на тоа како знак дека зад таа врата правите нешто мистериозно. Вашата мачка го доживува вашиот дом како нејзина територија, така што бањата е дозволена зона за неа. Уште повеќе, таа може да се налути ако ја затворите вратата затоа што сепак тоа е нејзина територија! И, како што веќе споменавме, таа е многу заинтересирана за она што го правите внатре и има само еден начин да открие - да влезе по вас.

Најново на форумот

  • No posts to display.