Делењето играчки и други предмети, е социјална вештина, а не нешто вродено, што значи се учи со тек на време. Затоа претпоставките дека децата инстиктивно ќе го направат тоа што сметате дека е во ред, воглавно се погрешни.

Како е да се биде мајка, ниту една книга која сте ја прочитале, не може да го опише. Тоа е она што сите го учиме во сопствен аранжман, дома во своите четири ѕидови.

За развојот на децата многу е важна здравата и урамнотежена исхрана. Но, повеќето деца најчесто, како за инат, сакаат сè што е калорично, нездраво и со слаби нутритивни вредности.

За многу родители емотивното поврзување е директна чувствителност која се случува во текот на првите часови или денови од животот. Сепак, за вашето бебе, таа врска не е само еден момент.

За нормалниот моторички развој кај децата има многу да се зборува, но сега би се задржал на одењето. Нормално е детето да прооди на возраст од 9 до 13 месеци, но се смета за нормално ако прооди и до 18 месеци.

Оваа незгодна навика некои родители ја практиткуваат, а некои се измачуваат со прашањето, дали е во ред да ја користат, секој пат кога нивните најмали ќе станат непослушни.

Спротивставените мислења меѓу генерациите не се ништо ново, необично, но она кое најмногу знае да ги вознемири сите и да запали искра за кавга, се советите на нашите баби, кои денес ги сметаме за застарени и неточни.

 

Веројатно не постои родител кој не верувал дека ќе да биде фер, секогаш ќе донесува правилни одлуки, ќе биде бескрајно трпелив, но истовремено ќе го воспитува своето дете доследно, решително, но со многу разбирање за потребите на своето најмило. Во идеалниот живот ова сценарио е можно.

Примитивните рефлекси кај новороденчињата се одраз на недоволно созреаната функција на мозокот, па во текот на првите месеци исчезнуваат и се заменуваат со оние вистинските рефлекси

Кога ќе се роди ново бебе, секој родител се соочува со главниот проблем – спиење. Некој повеќе, некој помалку и често наидувате на совети од типот – типично е тоа, ќе се среди со тек на време. Но според најновите студии, ова не е баш точно.