Едно од најчесто поставуваните прашања од страна на родителите кои добиле принова е, кога да биде првата прошетка со нивното бебе надвор во природа. Секако дека престојот на бебето и мајката на свеж воздух е предуслов за здрав развој на бебето, го подобрува сонот, апетитот, расположението, го подигнува имунитетот и ја подобрува општата состојба на детето. Но неговото прилагодување треба да биде постепено.

По доаѓањето на свет на новиот член во семејството, започува периодот познат како „леунство“. Тоа се првите 30-40 дена од животот на бебето, во кои тоа и мајката се најранливи и најчувствителни.


Кога детето ќе наполни девет месеци или година, повеќето мајки се враќаат на работа и тогаш се појавува дилемата, кому да се довери грижата за детето. Дали да се избере градинка, дадилка или баба/дедо сервис? Секој од овие начини на чување има свои предности и мани.  

Со доволно напорна работа уште од најраната возраст, родителите можат да придонесат нивното дете максимално да го користи интелектуалниот капацитет понатаму во животот.

Кога ги набљудувате туѓите деца, многу е лесно во својата фантазија да одлучите каков родител ќе бидете и какво дете ќе воспитате. Но, реалноста, како и секогаш, е поинаква.

 

Плачот на новороденчето може да звучи исто во ушите на родителите лишени од сон, но научниците велат дека не е така. Бебињата плачат на јазикот на кој зборуваат нивните родители, уште од првите денови од животот.

Можеби звучи невозможно, но научниците тврдат дека бебињата се смеат пред да дојдат на свет. Снимки од ултразвук покажале движења на лицето кои личат на насмевка и можат да се регистрираат помеѓу 24 и 36.недела од бременоста.



Група австралиски специјалисти по педијатрија предупредуваат дека оризот може да предизвика сериозни алергиски реакции и други компликации. Имено протеините кои ги содржи оризот можат да предизвикаат сериозно воспаление во стомакот (како што е ентероколитис), што може да доведе до животозагрозувачки состојби.

 

Бидејќи нашиот имунитет започнува да се формира во матката и конечно созрева на возраст од 12-14 години, логично беше да се заклучи дека неговата сила зависи од исхраната во овој период.Но, кога ќе се роди бебе практично има стерилни црева, а имунитетот зависи од храната во текот на првите часови, денови и месеци од животот.

Егземa или атопичен дерматитис е осип на кожата кој може да се појави кај бебиња од неколку месеци и деца до пет години. Не е зарaзна болест, туку генетска и според дерматовенеролозите, најголем проблем е што предизвикува црвенило, чешање и чувствителност на кожата. Проследена е со појава на суви лушпи и ситни меурчиња кои пукаат и се влажни.