Иако може да се чувствувате виновни и тажни поради тоа, нема да му наштети на вашето бебе да го оставите да плаче во креветчето, откриено е во петгодишно истражување направено над 326 , деца од страна на Универзитетот во Мелбурн.

Набљудувањето на навиките и однесувањето на децата за спиење започнуваа на возраст од седум месеци. Научниците откриле дека покрај тоа што нема долгорочни негативни последици, плачењето на бебето всушност придонесува тоа да спие подобро и подолго.

Да се ​​смири себеси е механизам што бебињата мора да го научат, но не пред седум месечна возраст, велат научниците. Наједноставниот метод што родителите можат да го користат за да го научат бебето да заспива самостојно е „кампување“ во неговата соба. Тие треба да се присутни во собата, покрај детето, и да му дозволат да плаче неколку минути пред да реагираат.
- Секако, не е нормално да се остави бебето да плаче долго или цела ноќ, но постепеното прилагодување и продолжување на времето кога ќе се реагира при неговото плачење, ќе му овозможат на бебето да научи самостојно да заспива- вели одговорната за студијата, д-р Ана Прајс.

Најново на форумот

  • No posts to display.