Адолесцентната депресија е мошне честа појава која тешко се препознава, бидејќи лесно се прикрива поради што е позната и како “депресија со насмевка”. Сложеноста станува уште поголема бидејќи многу фактори се испреплетуваат.

Компликациите и последиците се големи, а понекогаш фатални. Ова е подмолен феномен, бидејќи трае, се случува, а не се забележува, сè додека не дојде до сериозни последици. Гледајте го однесувањето на вашиот адолесцент, можеби ќе препознаете нешто. Карактеристични симптоми  се намалување на училишниот успех, повлекување, криминални дејствија, употреба на дрога, алкохол и промискуитетно однесување.

Тежината во дијагностицирањето се случува бидејќи адолесцентите умешно ја кријат додека се во фаза на умерена депресија, имаат тмурни фантазии, дневно мечтаат и песимистично размислуваат. Овие навидум карактеристични однесувања за овој развоен период можат да се објаснат со хормоналните промени, но не е секогаш така.

Доколку се дијагностицира дека станува збор за адолесцентна депресија, се пристапува сериозно и длабоко. Задоцнувањето, грешките во диференцијалната дијагноза, грешниот третман, можат да преминат во сериозно душевно растројство или да завршат фатално.

М-р развоен психолог/сов.психотерапевт - Розалија Секулоска

Најново на форумот

  • No posts to display.