Самото слушање втор јазик кај бебињата помага во развивање на когнитивните вештини уште пред да прозборат. А вие можете да им помогнете во тоа.  Едно истражување направено во Универзитетот во Вашингтон, над 16 бебиња, покажало дека бебињата растени во билингвална средина развиваат подобри когнитивни вештини, кои подоцна во животот им се повеќе од потребни. 

Когнитивноста според науката значи група на умствени процеси како внимание, паметење, разбирање, расудување, решавање на проблеми и брзо носење одлуки (н.з). 
Во  студијата половина од бебињата биле од монолингвални, англиски семејства, а другата половина од билингвални, односно семејства во кои подеднакво се зборувале англиски и шпански јазик. Сите тие слушале различни гласовни звуци карактеристични за секој јазик одделно, како и за двата јазици заедно. Научниците го следеле начинот на кој реагираат бебињата, со помош на магнетонецефалографија, што им овозможило јасно да идентификуваат кои делови од мозокот се активираат при електромагнетна активност.

 

Бебињата од билингвалните семејства имале изразена зголемена активност во префронталниот и орбитофронталниот кортекс – региони од мозокот кои се одговорни за извршни функции како носење одлуки и решавање проблеми.
- Нашите резултати покажуваат дека уште пред да почнат да зборуваат, бебињата растени во билингвални семејства, развиваат подобра способност поврзана со извршните функции – вели Наја Ферјан Рамирез, автор на проектот и истражувач во Институтот за наука и развој на мозокот при Универзитетот во Вашингон.  
- Бебињата растени во билингвални семејства побрзо ги впиваат и учат звуците од новите јазици на кои ќе бидат изложени, во споредба со нивните монолингвални врсници, што е многу добра активност за тренирање на мозокот  - дополнува нејзината колешка Патриција Кул.

Ваквиот развој на мозокот од најрана возраст носи голем бенефит, подоцна во текот на животот кај возрасната личност. Според многу истражувања, меѓу кои и она направено во Националниот центар за биотехнолошки информации, се покажало дека билингвалните возрасни лица имаат подобри извршни функции на мозокот, за разлика од личностите кои зборуваат само еден јазик. Тоа значи дека тие подобро го менуваат фокусот од една на друга задача, имаат многу добро развиена меморија, демонстрираат значително подобри активности при решавање на одредени проблеми, планирање и тн. Билингвалните деца ги демонстрираат истите вештини.

 

Ова е особено од големо значење кај децата кога ќе почнат да одат на училиште (побрзо го совладуваат училишниот материјал, полесно решаваат математички проблеми и задачи, полесно ги помнат работите слушнати на час...) како и за академскиот успех.
Учењето втор јазик исто така помага во одложување на дегенеративните болести на мозокот како деменција или Алцхајмерова болест, кај возрасните лица.
Во суштина нема никаква штета ако бебето од најрана возраст расте во билингвална средина – а најдобар момент да се започне со тоа е - што порано.
- Нашите резултати покажуваат дека не само од најрана возраст децата се способни да учат повеќе јазици, туку дека раното детство е оптималниот период да се започне со тоа – заклучува Ферјан Рамирез.

А ако не сте билингвално семејство, сепак има нешто што можете да направите, односно да го изложите на англиски јазик, кој денес е број еден во светот. Наш предлог се Хелен Дорон центрите во Македонија, каде методологијата е развиена за изучување на англискиот јазик од 3 месеци до 19 години, а англискиот јазик се совладува како мајчин јазик.

 

Методот е создаден од искусни експерти за изучување на англиски јазик, лингвисти, педагози и психолози, а го предаваат специјално обучени Хелен Дорон учители. Изучувањето е во мали групи, до 8 деца максимум и секоја програма е прилагодена на возраста на децата.
Се учи од лиценцирани материјали, уникатни само за овој метод. Тие изобилуваат со видео материјали адаптирани за полесно помнење на наученото, како и музика соодветна за секоја програма.
Helen Doron English се пионери и во внесување на агументативната реалност во материјалите, која им го олеснува на децата изучувањето на јазикот на едноставен и лесен начин. 

Во тек се зимските уписи и можете да се пријавите за бесплатен демо час во некој од следните Хелен Дорон центри :

Helen Doron Aerodorm – 078 388 403
Helen Doron Centar – 072 236 356
Helen Doron Karpos – 078297949
Helen Doron Kisela Voda – 078 282 842
Helen Doron Kapistec – 070 984 435
Helen Doron Cair – ‎072 206 622
Helen Doron Veles – 075 300 304
Helen Doron Tetovo – 075 224 242
Helen Doron Bitola – 075 232 778
Helen Doron Prilep – 077 844 855
Helen Doron Ohrid – 077 613 815
Helen Doron Stip – 078 757 455
Helen Doron Gevgelija – 078 220 391
Helen Doron Strumica – 071 242476
Helen Doron Kocani – 071 314 499

Најново на форумот

  • No posts to display.