„Што научи денес на училиште?„ „Ништо„ „Нешто интересно се случи?„ „Не„ „Дали си помина убаво?„ „Добро беше„
Дали добивате доволно информации за тоа што му се случува на вашето дете додека е во училиште или одвај отвора уста кога треба за тоа да зборувате?

Дали некогаш ви се чини дека сте вие судија, а тој обвинет во судница и морате со милион прашања да дознaете нешто? Дали посакувате вашето дете самоволно да ги споделува со вас информациите за своите искуства во училиштето, така што вие нема да имате потреба да поставувате прашања? Следете ги правилата во овој текст, за да му помогнете на детето полесно да разговара со вас

1. Не користете многу прашања

Поставувајте по неколку прашања секој ден и ротирајте ги. Никој не сака да му ги поставуваат истите прашања секој ден. И никој не сака да му поставуваат по 20 прашања секојдневно. Тоа изгледа како да му држите лекција и е уште една причина за да се повлече уште повеќе. Намалете го бројот на прашања кои му ги поставувате на детето.

2. Поставувајте прашања кои бараат одговор од повеќе од еден збор

„Дали денес си помина добро на училиште?„ и „Како си помина денес?„ може да се одговорат со еден збор. Детето ќе одговори „Да„ или „Добро„. Наместо тоа посатвете прашање кое бара малку размислување. „Кажи ми што ти беше денес најинтересно што ти се случи на училиште?„ и „ Што те изненади денес на училиште?„ секако бараат подолго размислување и поисцрпен одговор.

3. Користете техника „Кажи ми повеќе„ за да го охрабрите детето да зборува полесно пред вас

Ако добиете кус одговор, искористете ја фразата „Кажи ми повеќе„ за да дојдете до поважни информации. Оваа реченица самата по себе е покана да се зборува полесно и звучи како прашање. „Те молам продолжи„ или „ Ајде кажи уште„ се едноставни родителски фрази кои го охрабруваат детето да зборува полесно.

4. Не изгледајте очајно

Децата многу лесно чувствуваат кога сте очајни. Тоа им дава чувство на моќ оти се во ситуација кога можат да сокријат од возрасните нешто кое тие го посакуваат толку очајно. Кога сте очајни пред него, тогаш го охрабрувате детето да биде над вас и да крие нешто кое изгледа толку вредно за вас.

5. Контактирајте со другите родители

Ако немате контакт со ниту еден родител од децата кои учат со вашето, тогаш обезбедете уште денес. Повремено контактирајте ги за да добиете по некоја информација за тоа што се случува во училиштето. Запомнете дека тоа е двонасочно, па и вие треба да бидете со нив искрени кога ќе ве прашаат нешто. Исто така ако дознаете некои важни информации тогаш јавете им. Дознајте од нив информации, но и вие споделете ги оние кои ги имате.

6. Охрабрете го детето да покани пријатели дома

Вашето дете ќе зборува многу послободно во присуство на свои врсници. Поставете неколку обични прашања на некој од неговите другари за да покажете дека сте заинтересирани. Најчесто другарот полесно ќе ви каже некои информации отколку вашето дете. Покрај тоа додека се дружаат кај вас дома, ќе ги чуете како повремано зборуваат за училиштето. Бидете трпеливи и слушајте.

7. Не поставувајте прашања на кои веќе го знаете одговорот

Ова е замка за вашето дете. Тоа можеби нема да ви одговори на начинот на кој очекувате и тогаш вие сте во позиција да се обидете да дознаете дали ве лаже или крие нешто. Наместо тоа кажете му што знаете и прашувајте го до целосно расчистување на ситуацијата, а со тоа ќе го натерате од свој агол да ја согледа ситуацијата.

8. Ако детето некогаш само почне да зборува за училиштето, престанете да зборувате и внимателно слушајте го

Дајте му шанса и простор на детето да зборува. Слушајте го без да го судите или пак да му држите лекции. Ништо нема полесно да го сопре дотокот на информации од вашиот став на судија. Кога реагирате на тој начин, тоа ќе му биде кочница на детето.

9. Не очекувајте дека баш се ќе ви каже детето за училиштето

Тоа едноставно нема да се случи. Бидете активни и вклучете се комплетно. Дознајте што се случува кога сте вие таму. Вклучете се во некои активности во училиштето (доколку е дозволено тоа). Најдобро е редовно да отиде таму и да имате средби со професорите.

10. Направете семејна атмосфера кога сите заедно ќе зборувате

Ако телевизорот работи додека вечерате, тогаш нема место за разговор. Ако радиото работи или пак слушалките ги носите додека се возите во автомобил, каков разговор може да почне? Направете нормална атмосфера за зборување во овие периоди од денот. Внесете промена во семејните односи.

И за крај. Нема брз начин да го навикнете детето да зборува за училиштето. Тоа е цела стратегија која треба постепено да биде имплементирана и да ја користите во текот на сите години додека оди на училиште. Овие вештини функционираат само ако вие работите на нив. Вашето дете не научило преку ноќ да ги премолчува информациите за училиштето и затоа не очекувајте да ја смени таа навика исто така брзо. Инвестирајте во времето. Вие, вашето дете и неговото образование го заслужуваат тоа.{jcomments on}

Најново на форумот

  • No posts to display.