Раното дијагностицирање на аутизмот и добивањето вистинска помош навреме – можат многу да влијаат на развојот на децата, според истражувањето направено во Кенеди Кригер институтот, во Балтимор. Во нивната студија за рано третирање на аутизам, биле вклучени 50 аутистични деца на возраст од 10 – 23 месеци.

Секое дете поминувало по 10 часа дневно во училницата каде имало различни активности преку играње, поттикнување на комункацијата или играње со различни играчки. Половина од децата, биле ставени во група која имала и дополнителни активности за развивање на социјалните вештини. По завршувањето на студијата, кај сите деца било забележано подобрување, но кај оние кои имале дополнителни активности за социјализација бил забележен голем напредок во говорот, контактот со очи и вниманието.

 

Повеќето аутистични деца не се дијагностицирани до возраст од 3- 4 години, но просечната возраст која ја имале децата вклучени во студија е 20 месеци. Затоа е многу важно родителите внимателно да го следат развојот на децата и да внимаваат на можните знаци за аутизам како – изостанок на зборување или гугање, слаб контакт со очите, не одговарање кога им се обраќаат по име и да зборуваат со педијатрите, велат лекарите кои ја воделе оваа студија. Ако вашиот лекар смета дека се забележителни знаците на аутизам, специјалистите препорачуваат родителите да побараат стручна помош кај лица кои работат со мали деца.

 

Најново на форумот

  • No posts to display.