Создавањето на забите започнува уште во феталниот период некаде од 6-10 недела од бременоста, додека при раѓање кај бебето веќе се оформени сите јадра или герминалните центри за млечните заби. На растот, обликот и структурата на забите има големо влијание начинот на исхрана на мајката. 

Првите млечни запчиња се појавуваат околу шестиот месец и тоа се најчесто долните единици, а потоа следуваат горните единици, па двојките, така што до наполнетата прва година детето треба да има веќе осум запчиња.
Често се случува рано никнење околу 4-5 месец или доцно никнење, по навршена прва година. Редоследот на никнење е многу често различен и тоа воопшто не треба да ги загрижува родителите. Важно е млечното забало да содржи 20 заба и никнењето да заврши до третата година.

Растењето на запчињата е пропратено со одредени знаци и најчесто е болно, но не се ретки случаите кога бебето нема проблем. Најчести знаци дека е почнато никнувањето на забите е зголемено лачење плунка, отечени непца, раздразливост, несоница, лесно зголемена телесна температура, одбивање да јаде, почеста столица со различна конзистенција.

Она кое родителот најмногу може да направи во овој период е да му ги олесни маките на детето со набавивање на помагало со кое ќе ги трие непцата или пак различни гелови и капки за масажа на забното непце. Во случај да има зголемена темпаратура консулитрајте се со лекарот за евентуално давање аналгетик.

Најново на форумот

  • No posts to display.