Вашето детенце совлада многу вештини – научи да оди, зборува, јаде со лажица, но остана само да се одвикне од пелените. За многумина овој период е прилично стресен. Експертите велат дека најчеста причина за маки во овој период е што се почнува пред да биде детето спремно.

При тоа најголем проблем е притисокот од средината и семејството кои инсистираат на тоа дека неговите врсници користат нокшир, па мора и тоа да почне. За да се почне со одвикнување од пелени детето треба да постигне одредена зрелост, која е неопходна во процесот на развојна контрола на мокрачниот меур и цревата. Секако децата се разликуваат по сè, па и по ова прашање. Според медицинските статискити децата се зрели и способни да ги контролираат физиолошките потребни меѓу 18 и 24 месеци. Тогаш родителите треба да почнат со одвикнување од пелени, но никако со сила, бидејќи може да има контраефект и одбивност.

Одвикнувањето треба да оди постепено со награди, и да започне пред втората година. Никако немојте да го казнувате, туку наградувајте го за секој успешен обид да не се измокри во пелени. Препорака е дека со одвикнување треба да се почне во тек на денот, а не навечер.
Најважно е самото дете да сфати дека гаќичките се поудобни од пелените и дека користењето нокширче е побрзо и поедноставно од преповивањето. Ако забележите дека детето стои над нокширот и мочка, плаче и одбива да го преповиете или седнете на нокшир, се крие за да може да изврши нужда, почекајте уште некое време пред повторно да се обидете со одвикнување од пелените и наоружајте се со трпение. Најдобар период за тоа е пролет или лето кога може да седи по гаќички. Во текот на ноќта можеби уште некое време ќе му требаат пелени или во тек на попладневната дремка, а дека треба да ги тргнете пелените скроз ќе знаете кога ќе забележите дека се буди со суви пелени.

Најново на форумот

  • No posts to display.