Децата ги учиме да бидат добри, да не се тепаат и да не лажат, но што ако токму со помош на некои караници, дуели и по некоја лага учат повеќе и подобро. Новинарите По Бронсон и Ешли Мериман правеле многу истражувања за децата и дошле до изненадувачки резултати.

 

Имено секој родител сака детето да порасне во самоуверена, прилагодлива, успешна и среќна возрасна личност па му поставува правила и одредува што е убаво, а што неприфатливо однесување. Но Бронсон и Мериман предупредуваат на следното:

Добро е ако браќата и сестрите се расправаат

Браќата и сестрите ќе се караат и тепаат дури 700 % повеќе едни со други, отколку со своите пријатели, но, свесни се дека се секогаш тука едни за други, без разлика на недоразбирањата. Гледајќи ги како се расправаат и тепаат е вистински кошмар, но она кое родителите треба да го направаат, не е одделување на децата. Имено, тие треба да им покажат како да си играат и да најдат активности во кои заедно ќе уживаат. Истражувањата покажале дека децата кои заедно си играат, а во караница знаат и да се степаат, подоцна имаат подобри односи, од оние кои си играат сами.

Не им повторувајте постојано колку се паметни

Нормално е родителите да сакаат да им ја зголемат самодовербата на децата, па не е ни чудно што постојано им велат браво, ги пофалуваат и им велат дека се паметни.

- Всушност им покажувате дека да се биде паметен е нешто кое или го имате или гонемате. Штом нешто им тргне тешко, можат да помислат дека нема да можат тоа да го направат, па лесно ќе се откажат – предупредува Бронсон.

Наместо постојани пофалби за разни ситници, пожелно е родителите да го пофалат трудот кој децата го вложиле во некоја задача. Со тоа им покажувате дека имаат способност со вложен труд да го направат она кое го сакаат.

Малку лага не штети

Иако сите родители најмногу од се ја ценат искреноста на своите деца, не треба премногу да се возбудуваат ако својот петгодишен немирко го фатат во лага.

- Тоа знали дека вашето дете е конгитивно напредно и е способно да ја оддели вистината од лагата, односно измислената алтернатива – вели Бронсон.

Но до возраст од седум години, децата треба да ја отфрлат навиката за лажење и измислување. Ако сепак ги фатите во лага, не ги казнувајте, бидејќи ќе станат само повешти за да не ги фатите следниот пат – објаснете им дека ќе бидете многу среќни ако ви ја кажат вистината.

 

Најново на форумот

  • No posts to display.