Цуцлата лажливка нуди удобност не само за детето, туку и за родителите, затоа што најбрзо го смирува детето. Но кога ќе дојде време да се ослободите од нејзе засекогаш, тоа може да биде потешко отколку што очекувавте. Некогаш за тоа не сте подготвени, ниту вие, ниту детето.

Користењето на цуцла-лажливка во принцип не е добро, но бидејќи многу често се користи најдобро е ако веќе се користи кај некое дете одвикнувањето да почне пред крајот на првата година. Да не се дозволи детето да ја користи цуцлата лажливка над првата година, бидејќи на возраст над една година може да доведе до одредени деформитетите на усната шуплина. Во основа цуцлата се користи најмногу за да не плаче бебето, негово смирување и „купување“ на личниот мир на родителите.

Одвикнувањето од цуцла може да си го олесните со неколку трикови – поклонете ја цуцлата на мало бебе, од пријатели, роднини... Кажете му на своето дете дека цуцлaта сега му е повеќе потребна на бебето, отколку нему, заедно запакувајте ја и однесете ја. Ако ова е премногу едноставно за вас, можете да го исечете врвот од цуцлата и кажете му на детето дека е „расипана“ и не може да се поправи. Или премачкајте ја со храна која не ја сака, па кога ќе ја проба детето цуцлата, таа ќе го асоцира на храната која не ја сака и ќе престане да ја бара.
Направете систем за наградување – детето само нека избере кога ќе се одвикне од цуцлата. Направете табела во која ќе ставате ѕвездичка секогаш кога ќе заспие без нејзе. Кога ќе соберете доволен број ѕвездички детето само нека избере каква награда сака – да добие играчка, да го однесете во игротека, парк...

Доколку не ви се допаѓа ниту еден метод, можете да ја фрлите и да почекате неколку дена додека детето се навикне (што може да биде со плачење и барање нова).
Избегнувајте да го омаловажувате и понижувате детето и не почнувајте со одвикнување кога тоа се соочува со нов стрес како што е раѓање ново бебе, преселба, промена на дадилка, тргнување во градинка и слично.

Одвикнувањето од цуцла е еден од најголемите проблеми, но бидете трпеливи бидејќи долгото користење може да биде штетно за правилниот развој на забите и говорот.

Најново на форумот

  • No posts to display.