Едно од најчесто поставуваните прашања од страна на родителите кои добиле принова е, кога да биде првата прошетка со нивното бебе надвор во природа. Секако дека престојот на бебето и мајката на свеж воздух е предуслов за здрав развој на бебето, го подобрува сонот, апетитот, расположението, го подигнува имунитетот и ја подобрува општата состојба на детето. Но неговото прилагодување треба да биде постепено.

Првите денови може да го изнесувате по 10-15 минути, а потоа постепено да го продолжувате престојот надвор.
- Ова се препорачува поради незрелост на терморегулациониот центар и огромното влијание на надворешната температура врз телесната температура на новороденото. При тоа се подразбира дека безбедното време за престој на вашето бебе надвор зависи и е во директна корелација со временските услови – едногласни се педијатрите, и советуваат дека најдобро е прошетката да не биде во време која сонцето е многу силно ( во тек на летните месеци ), кога дува силен ветар или има појак дожд или грмотевици поради што влажноста на водухот е многу висока.
За да прошетката биде пријатна и избегнете дополнителни стресови, најдобро е пред да излезете, да го пресоблечете и нахраните бебето. Тоа ќе биде максимално мирно и задоволно ќе ужива во прошетката, а и вие покрај него. И запомнете, секогаш облекувајте го на слоеви за да му овозможите идеална телесна температура. Во текот на прошетката проверете го повремено – дали е вознемирено, раздразливо, се поти, има заруменети образи...тоа значи дека му е премногу топло и соблечете еден слој од облеката.