Со доволно напорна работа уште од најраната возраст, родителите можат да придонесат нивното дете максимално да го користи интелектуалниот капацитет понатаму во животот.

 

Лесно е да ги научите на љубезност, трпение, храброст и на социјални вештини, но високиот коефициент на интелигенција освен што делумно е вроден, може и да се зацврсти благодарение на одредени активности.
Секако, не треба да ви биде цел да одгледате генијалец, туку да се осигурате дека вашето дете ќе го вложи целосниот интелектуален капацитет во она што ќе го прави понатаму. Исто така, внимавајте да не ставате преголем акцент на тоа, туку придонесете и за емоционалната интелигенција.
Вие како родител, можете да дадете многу во интелектуалниот развој на детето со следниве три активности:

Курс за музички инструмент

Не секое дете има вродена музикалност, но можете да се обидете да го запишете во нижо музичко училиште и да видите дали има талент. Некои деца ќе вложат многу труд да го совладаат свирењето, кое докажано помага во подобрување на менталните вештини. Музичкото образование ќе им помогне да се самоконтролираат, да го фокусираат вниманието и да имаат подобро помнење.

Играјте шах заедно

Шахот е класична стратегиска игра која има моќ да го „билда“ мозокот. Иако нема научни докази кои со 100% го докажуваат ова, постојат сознанија дека децата кои ќе научат шах, потоа развиваат вештина за брзо решавање на реалните проблеми.

Разговарајте и читајте

Мотивирајте ги децата да читаат, а потоа дискутирајте го прочитаното. Со ова го стимулирате збогатувањето на нивниот речник. Разговарајте за денот на училиште, консултирајте ги за изборот на ручек или вечера и дајте им да одлучат за нешто.

Ценете го нивното мислење и мотивирајте ги да бидат комуникативни. Дозволете им да ги искажуваат своите идеи, па дури и да се обидат да ги реализираат.

Најново на форумот

  • No posts to display.