Група австралиски специјалисти по педијатрија предупредуваат дека оризот може да предизвика сериозни алергиски реакции и други компликации. Имено протеините кои ги содржи оризот можат да предизвикаат сериозно воспаление во стомакот (како што е ентероколитис), што може да доведе до животозагрозувачки состојби.


Педијатрите своите наоди ги темелат на долгогодишни набљудувања и истражувања. Кравјо и млеко од соја, исто така, предизвикуваат проблеми со стомакот кај деца до една година, а некои други видови храна како овошје, месо, јајца и житарки знаат да предизвикаат дијареја или повраќање за кратко време по јадење - симптоми кои честопати мајките и некои лекари ги дијагностицираат како труење со храна.
- Тоа е, всушност, алергиската реакција која е најтешка кога детето се храни со ориз. Тој се смета за хипоалергичен производ, но не е случај кај деца до 1 година. Затоа, кашата од ориз може да предизвика трајно оштетување на дигестивниот тракт кај мало дете - предупредуваат австралиските педијатри.

Најново на форумот

  • No posts to display.