Нашите деца се нашата иднина и од голема важност е како се хранат. Но, за жал, не можам да кажам дека тие се хранат здраво. Најчесто јадат тостови, хамбургери (брза храна) и газирани пијалоци.Треба многу да се внимава додека растат да внесуваат важни нутритиви. Изборот на храната треба да е баласиран и да содржи сѐ што е потребно: протеини, масти, јагленохидрати, минерали и витамини во оптимален сооднос - вели нутриционистката Валентина Глигорова, која од овој месец ќе ги советува нашите читатели за здравата исхрана.

Раното детство е најранливиот период во развојниот стадиум на човекот. Во текот на првата година од животот доенчето има интензивен раст и развој и продолжува да расте во наредните години. Тоа е проследено со забележливи промени во развојот, составот и функионирањето на органите. Необезбедувањето на доволно нутриенти во овој период, може да доведе до несакани ефекти во растот и развојот.

Јадењето здрава храна го заситува организмот со многу хранливи материи и состојки кои се потребни за негово правилно функционирање. Здравата храна исто така им дава енергија и ги зајакнува нивните витални органи.

Доволен внес на железо, калциум, Б витамини, вклучувајки ја и фолната киселина, хлорофилот што живот значи, есенцијалните амиокиселии се основни елементи за правилен развој на децата и тинејџерите.

Изборот на храната треба да е балансиран и да содржи сѐ што е потребно. Житарките, мешунките, сировите јаткасти плодови, овошјето, сувите овошја и зеленчукот е храната што децата треба да ја јадат во изобилство.

Од неа организмот ја добива потребата енергија за растење, играње,учење и развивање. Истовремено се обезбедува високоенергетска храна која оди во полза во здравјето на детето.


Исхрана за нормализирање на холестерол кај деца


Високиот холетерол не е проблем само на возрасните. Ваквата алармантна состојба е изразена и кај децата. Еден од факторите кој придонесува за покачено ниво на холестерол во крвта кај децата е неправилната исхрана, која е богата со масти особено од животинско потекло, а сиромашна со овошје, зеленчук и јаткасти плодови.
Други виновници за покачување на холестеролот се физичката неактивност и дебелината. За да се подобри ситуацијата потребно е децата што повеќе да конзумираат плодови богати со растителни влакна.
Тука спаѓаат овошјето, зеленчукот, житарките и јаткасите плодови, посебно бадемите. Најпогодни намирници во борба против холестеролот се грав, грашок, леќа и друг мешункаст зеленук. Потоа бобинкасто овошје – малини, капини, боровинки и јагоди, потоа броукла, карфиол, цитрусно овошје. Често треба да се внесува лук, кромид и зелени салати.

Храна која не се препорачува
Пред сѐ треба да се исфрли преработена храна, особено да се забрани внес на сувомесни производи и слични преработки. Да се намали внесувањето на месо како и конзервирана храна и газирани пијалаци кои треба да се заменат со свежо цедени сокови.